Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лука Бигаци е добитник на специјалната награда „Златна камера 300“

0
By Нова ТВ on May 27, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кинематограферот Лука Бигаци е добитник на специјалната награда Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на 35. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ – Битола, кој годинава ќе се одржи од 13 до 19 септември.

Последниот проект на Бигаци, „Големата убавина“ (La grande bellezza), го освои Оскарот во категоријата најдобар филм од неанглиско јазично подрачје, а победи во истоимената категорија на наградите БАФТА и Златен глобус.

„За нас е особено важно што „Браќа Манаки“ на своевиден начин беше меѓу првите фестивали што го откри талентот на Бигаци, уште во далечната 1997 година, со неговиот прв филм во официјалната програма на 18. издание. Оттогаш неговите филмови впишаа сè на сè пет учества и понесоа две од наградите во Битола. Третиот пат конечно доаѓа лично да си ја земе големата специјална Златна камера 300 на браќата Манаки“, рече Лабина Митевска, директорка на ИФФК.

Бигаци е роден во 1958 во Милано и спаѓа меѓу најактивните и најбараните кинематографери од италијанските режисери. За тоа говорат освоените 20 врвни италијански и светски награди како и дваесетте номинации. Од неговите осумдесетина филмови се одделува ремек-делото „Големата убавина“ кој е тандемска креација со режисерот Паоло Сорентино, со кого четврти пат ставаат заеднички потпис.

Сепак, Бигаци најмногу филмови, повеќе од десет, има снимено со Силвио Солдини. Други режисери кои имале чест да биде зад нивните камерите се Марио Мартоне, Џани Амелио, Феличе Фарина, Микеле Плачидо, Франческа Аркибуги, како и еден од најголемите режисери на денешницата, Абас Кјаростами, во филмот „Верна копија“ со Жулиет Бинош во главната улога. Фестивалот целосно ќе биде во знакот на годинашниот јубилеј, при што слоганот „Кон ѕвездите“ е одраз на таквиот повод.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.