НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лукаревска: Имаме партнерски однос со даночните обврзници, имплементираме нивни предлози, средства за Мој ДДВ имало и ќе има

0
By Соња Крамарска on October 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Се трудам лично да посетувам даночни обврзници, изворно од нив да слушнам со кои проблеми се соочуваат. Токму од ваквите посети, некои од забелешките кои кои биле спроведливи, веќе се имплементирани. Сметам дека од заеднички интерес е да се градат партнерски односи со даночните обврзници“, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во интервју за „24 инфо“.

Таа додаде дека преку транспарентен пристап се унапредува процесот на меѓусебна комуникација како и дека се подига даночната свест и морал.

„Би рекла дека согласно податоците од наплатата на приходите, досега компаниите редовно си ги сервисираат даночните обврски. Оваа година наплатата по сите видови приходи заклучно со септември изнесува 77,2 милијарди денари, што е за 0,62% повисока во однос на планот за 2022 за овој период и за 19,80% во однос на истиот период минатата година. Предизвик и огромна одговорност е во време на глобална криза да се зачува животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите“, рече Лукаревска.

Директорката на УЈП кажа дека износот на поврат на ДДВ оваа година, од јануари до септември, е 32,8 милијарди денари, што е за 49,86 отсто повеќе од минатата година. Како што објасни Лукаревска, со повратот на ДДВ во рок од 30 дена се обезбедуваат ликвидни средства за компаниите.

„Средства за МојДДВ имало и ќе има. Во моментов, со антикризните мерки обезбедени се дополнителни 18 милиони евра во Буџетот за поврат на средства, за граѓаните корисници на Мој ДДВ. Во ноември следи исплатата на третото тромесечје за скенирани фискални сметки преку МојДДВ во месеците јули, август и септември, каде што согласно пресметките, се очекува за трето томесечје од 2022 година, на граѓаните да им се вратат околу 580 милиони денари“, подвлече  директорката на УЈП.

Таа додаде дека мерката станува се поактивна и дека бројот на корисници секојдневно расте. Во моментов апликацијата ја користат над 460 илјади корисници во земјава.

„За три години како се реализра мерката МојДДВ, УЈП, на сметките на корисниците исплати 4,2 милијарди денари или близу 68,3 милиони евра. Тоа се сериозни средства преку кои директно се подобруваат семејните буџети, а на овој начин позитивно влијаевме и врз стеснување на обрачот на сивата економија“, вели Лукаревска.

Лукаревска истакна дека се обезбедени храна, струја и енергенси во пресрет на зимата. „Обезбедивме доволно храна, струја и енергенси во пресрет на зимата. Следува тежок период но подготвени сме за сите предизвици“ изјави Лукаревска во интервјуто.

Таа додаде дека СДСМ е посветена на успешно менаџирање со последиците од глобалната економска и енергетска криза, заштита на стандардот на граѓаните и помош за тие на кои им е најпотребна.

„После 17 години започнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски идентитет, како резултат на државничките политики токму на СДСМ. Сега е клучно да се заокружат сите процеси и да станеме полноправна членка на ЕУ“, рече Лукаревска.

интервју Сања Лукаревска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.