Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лукаревска: Поборник сум да се зголеми прагот на повратот на ДДВ

0
By Biljana on July 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 22, 2021 20:20

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) и заменик-претседател на СДСМ, Сања Лукаревска смета дека мерката „Мој ДДВ“ треба и понатаму да се унапредува, и посочи дека е најголем поборник да се зголеми прагот на повратот на ДДВ.

Според Лукаревска, дури и два отсто да успеале да ја намалат сивата економија преку оваа мерка, успехот е одличен.

„Во повеќе наврати имаме телефонски јавувања, анонимни пријави дека не се издаваат фискални сметки. Некој пат и јавно се објавуваат на социјалните мрежи. Макар и два отсто ние да сме успеале да го намалиме процентот на сивата економија преку оваа мерка, успехот е одличен“, рече Лукаревска во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето“ на телевизијата Канал 5.

Прашана дали ќе се реализираат најавите за тоа дека поврат што го добиваат граѓаните од 1.800 денари, ќе се зголеми на 2.400, Лукаревска посочи дека се што било ветувано во предизборието ќе се реализира, и оти е најголем поборник да се зголеми овој лимит.

„Мислам дека понатаму ќе треба оваа мерка да се унапредува. Во однос на зголемувањето на тој праг од 1.800 на 2.400 денари, секако дека самата пандемија ги измести сите ичекувања, но се она што било ветувано во предизборието, секако дека ќе биде реализирано. Јас ќе бидам најголем поборник да го зголемиме лимитот“, додаде таа.

Во однос на оние фирми кои за врема на пандемијата минатата година земаа државна помош, а не ги исплатија платите на работниците, Лукаревска рече дека дел од контролите кај овие фирми уште траат, и оти секоја потребна документација ја доставиле до Основното јавно обвинителство.

„Во нашиот дел она што беше во законот за финансиска помош за работодавачите во време на ковид криза, ние тие контроли ги завршивме. Спроевдени се и уште траат дел од конторлите кај компаниите, но овој пат од даночен аспект го контолираме нивното работење, со тоа што утврдивме и таму одредени неправилности. Се она што беше како документација од наша страна, ние го доставивме до Основното јавно обвинителство за да постапува“, посочи директорката на УЈП.

Како што рече, секој оној кој што го злоупотребил законот, треба да сноси соодветна кривична одговорност.

Прашана за претстојните избори, Лукаревска изјави дека очекува СДСМ да биде победник на претстојните избори и го има најдоброто за државата.

„На последната седница на Извршниот одбор беа утврдени 30 кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ, во наредниот период ќе се затворат уште неколку општини со потврдени кандидати и некаде до крајот на август ќе ја имаме целосната понуда. Наше е да ја изработиме кампањата, да го дадеме најдоброто за нашата општина, како што го правиме во целиот овој период“, посочи Лукаревска.

Мој ДДВ Сања Лукаревска УЈП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 10, 2026

Колумбија: Разорен земјотрес од 7.4 степени – голем број настрадани

ВЕСТИ August 10, 2026

Најмалку 47 лица загинаа, а голем број се повредени во силниот земјотрес што денеска го…

Дваесет и пет години од кукавичкиот напад во кој загинаа осумина резервисти кај Љуботенски бачила

August 10, 2026

Сиљановска – Давкова се оградува од случајот со разузнавачот Тодоровски кој со потврда дека е осудуван беше испратен во Виена

August 9, 2026

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

August 8, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.