Љупчо Палевски, претседателот на движењето „Трета“, попладнево околу 17 и 15 часот е претепан пред неговиот дом, по што е пренесен во болница. Според изјави на очевидци , Палевски на улица пред куќата бил нападнат од непознати лица на мотор со кациги кои го нападнале со метални палки.
„Денеска околу 17,15 часот пријавено е дека на улицата „Златко Шнајдер“ во Скопје од страна на две лица кои биле со моторцикл со употреба на метален предмет бил нападнат Љ. П. Се работи на расчистување на случајот“, информираат од МВР.
Причините и мотивот за нападот сè уште не се познати.