Членот на Комисијата за верификација на фактите, или Комисијата за лустрација, на денешната прес конференција изјави дека членовите на Комисијата достигнаа врв на нестручност, тенденциозност и злоупотреба на службената положба.
Како примери тој ги наведе последните решенија за лустрација на Петар Карајанов и Љубомир Фрчковски.
За лустрацијата на Карајанов рече дека тој е лустриран без ниеден документ, а професорот Фрчковски, пак, е лустриран зашто дал наредби за следење на десетина лица додека бил министер за внатрешни работи, при што објасни дека сите тие работеле против интересите на Македонија, се залагале за насилно уривање на уставниот поредок, имале значителни и засилени контакти со претставници на странски разузнавачки служби и слично.
Дамјановски додаде и дека Фрчковски требало да одговара ако не наредил овие лица да се следат, како и дека неговите наредби се дадени откако за тоа е добиено барање од службите и нивните инспектори, потсекретарите и другите професионалци од државната безбедност.