Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лустрациска ги негира манипулациите на Миленко за Мето Јовановски

1
By Нова ТВ on July 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за верификација на фактите потенцира дека за писателот и прв претседател на Хелсиншкиот комитет, Мето Јовановски, ниту има донесено Решение за соработка со органите на државната безбедност ниту има објавено такво решение на нејзината официјална веб-страна www.kvf.org.mk.

Овој документ на Лустрациска со потпис на Томе Аџиев ги негира постојаните тврдења, навреди и манипулации на водителот Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил кон уредникот на веб-порталот НОВА, Борјан Јовановски и неговото семјество.

lustracija

Неделковски во неколку наврати на оваа социјална мрежа упатуваше погрдни зборови за Јовановски, негово семејство и неговиот татко Мето Јовавноски, притоа фалсификувајќи принтскрин фотографии од официјалниот сајт на Комисијата за верификација на фактите.

На фалсификатот на кој што е напишано „Кодош со тапија“, Миленко Неделковски името на Јелица Самоникова од оригиналната верзија на сајтот на Комисијата, го заменил со името на Мето Јовановски, додека документот со редниот број 07 – 630 11 каде што стои името на Иван Катарџиев, го заменил исто така со името и презимето на Мето Јовавноски.

metoto

metoto2

Комисијата пак потврдува дека „нема покрената постапка за утврдување соработка за лицето Мето Јовавноски“.

Поради ова, семејството Јовановски поднесе Кривична пријава против контроверзниот шоумен, врз основа на чл.57 од ЗКП поради постоење на основано сомнение дека Миленко Неделковски сторил едно кривично дело Компјутерски фалсификат по чл.379-а ст.3 в.в. ст.1 од КЗ и едно крвично дело Злоупотреба на лични податоци по чл.149 ст.2 в.в. ст.1 од КЗ.

MILENKO METOОва не е прв пат на Неделковски да манипулира со јавноста. Во 2014 година тој го прекрши членот 181 од КЗ повредувајќи го угледот на тогашната амбасадорка на Холандија, Мариет Шурман пишувајќи и изразувајќи се вулгарно за неа.

Контроверзноста на водителот оди дотаму што од страна на доскорашниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски, за кој Неделковски исто така често упатуваше навреди преку Фејсбук, беше објавено дека додека сточарите молат за парче земја, Неделковски располагал со пасишта со површина на која може да се сместат 250 игралишта и тоа за само 60 кози.

Според договор склучен во 2009 година, концесионер на површината е Натурал Фудс ДОО Градско и друштвото за продукција, Вондер Интернационал М ДООЕЛ Скопје, а во сопственост на Виолета Неделковска. Управител на Вондер Интернационал М ДООЕЛ е Миленко Неделковски, а и двете фирми се регистрирани на иста адреса.

Заменик-министерот потенцираше дека според овој договор, фирмата Натурал Фудс ДОО Градско, со само 60 кози располага со земјиште кое одговара на над 700 грла добиток.

Против Миленко Неделковски македонските судови имаат изречено и затворска казна од три години поради измама како сопственик на фирма што посредувала при вадење работни визи за Америка.

Судскиот совет на скопскиот Основен суд 1 го прогласи Неделковски за виновен за измама од околу 35.000 долари.

Според обвинението, водителот Неделковски, сопственик на фирмата “Супер-Б”, заедно со  директорката и управителка во фирмата, во 2002 и 2003 година измамил четворица скопјани кои поднесле барање за добивање визи.

Тие им покажувале на клиентите документи на кои наводно пишувало дека биле застапници на американски емиграциски центар и посредувале за добивање работни визи и визи за престој во Америка.

Заинтересираните ги уплатиле парите, но кога по неколку месеци дознале дека се измамени, случајот го пријавиле во полиција.

Борјан Јовановски водител кодош Лустрациска комисија Мето Јовановски Миленко Неделковски Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.