Published: Monday, September 30, 2013 13:54
Комисијата за лустрација денеска донесе одлука со која го лустрираше поранешниот министер за внатрешни работи Александар Андоновски, односно републичкиот секретар за внатрешни работи во Југославиј, кој е починат.
После одлуките за лустрирање Љубомир Фрчкоски, Томислав Чокрески и Јован Трпеновски, Андоновски е четврти во низата шефови на полицијата што е лустриран затоа што ја вршел законската должност и потпишувал акти за следење лица од идеолошки и политички побуди. Тој е починат во 2005 година.
Единствениот кој ваквите одлуки ги коментира како незаконски повторно е членот на комисијата, Чедомир Дамјановски.




