Марјан Маџовски, шефот на кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски излезе од притвор и ќе се брани од слобода, јавува „ПлусИнфо“.
Од слобода, ќе се брани и Зоран Костадиновски, вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање. На Костадиновски истражниот судија му одредил мерка куќен притвор, поради „исклучително лошата здравствена состојба“.
Маџовски е обвинет за злосторничко здружување и уцена во акцијата „Шпион“. Тој понудил гаранција во недвижен имот.
Во септември, со обвинување дека издавале државни тајни, шпионирале за странски служби и уценувале, беа уапсени разузнавачи, контраразузнавачи, воени разузнавачи, поранешни и актуелни вработени во Армијата, УБК, Агенцијата за разузнавање, од Државниот архив, како и новинарот Зоран Божиновски, кој негираше била каква вмешаност во „Шпион“.




