Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мадуро прогласи победа, десетици загинати на денот на изборите

1
By Нова ТВ on July 31, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро прогласи победа на изборите за Уставотворното собрание.

„Имаме Уставотворно собрание. Тоа е најголема победа, што револуцијата ја оствари во својата 18-годишна историја., изјави Мадуро, обраќајќи им се на стотиците приврзаници во Каракас, откако Изборната комисија соопшти дека излезноста била 41,5 проценти.

Опозицијата, сепак, наведува дек изленоста била околу 12 отсто, додавајќи дека власта е подготвена да соопшти дека на изборите гласале 8,5 милиони гласачи.

За време на гласањето, демонстрантите се судрија со безбедносните сили, додека голем број Венецуелци го бојкотираа гласањето за Уставотворно собрание, за кое левичарскиот претседател Мадуро вети дека ќе почне „нова ера на борба“ во земјата која е погодена од криза.

Најмалку десет луѓе биле убиени во Венецуела во изминативе 24 часа откако избувнаа насилства на протестите против претседателот Николас Мадуро и неговиот план да формира ново собрание. Меѓу жртвите имало и две млади момчиња кои биле застрелани на протестите во западната држава Тачира. Исто така бил убиен и еден од кандидатите за новиот парламент. Во неколкумесечните протести против него загинаа над 120 луѓе.

Критичарите предупредуваат дека уставотворното собрание ќе му овозможи на Мадуро да го распушти Конгресот, каде мнозинство има опозицијата, да ги пролонгира изборите и да ги измени изборните правила.

Венецуела Николас Мадуро уставотврно собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.