Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Магистерска се купува за стотина евра, плагијатите присутни на универзитетите

0
By Нова ТВ on November 28, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 28, 2019 09:21

Фејсбук и веб-страниците за продажба секојдневно се надополнуваат со огласи за изработка на семинарски работи, магистерски трудови, проектни задачи.

Истражувањето на Радио МОФ покажува дека магистерска по економија од 60 страници чини 200 евра. Семинарските се далеку поевтини, па може да се купат од 400 денари нагоре, зависно од тежината и број на страници. Има и поевтини варијанти, па така од друг „пишувач“ ваков труд од 60 страници може да се добие за 7800 денари.

-Цената на магистерските трудови е 130 денари од страна и вообичаено се готови во период од 30-45 денови. Користиме странска и домашна литература во однос на темата. Принципот на работа може да се одвива глава по глава (на пример изработуваме една глава и ви ја предаваме) може прво теоретскиот дел, па истражувањето. Плаќањето е половина однапред и половина откако ќе се започне со останатиот дел. Магистерските ги изработуваат стручни лица во однос на темата, е одговорот што Радио МОФ го добиле од Фејсбук од група која продава семинарски и магистерски трудови.

Професорката Мирјана Најческа, која предава на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ, зборува за нејзиното искуство со магистерските трудови на студентите.

-Толку е паднато нивото на квалитет на се` она што претставуваат трудови кои што доаѓаат од студентите, посебно од студентите на постдипломски студии со кои работам и на докторските студии. Професорите се спремни да гледаат дури и низ прсти, само да ги завршат циклусите во кои што влегле студентите за да можат да дојдат до одредено ниво на завршни трудови и завршување на магистерските и докторските студии. Јас лично да, сум дошла во допир со плагијати неколку пати и сум реагирала на тој начин што едноставно сум излегла од менторството, односно од комисијата во која што сум членувала, бидејќи не секогаш човек може докрај да се избори со она што претставува конформизам, кој што се негува веќе на нашиот факултет во однос на овие работи, вели Најческа

Во однос на тоа какви санкции се преземаат, Најческа вели дека засега за ваков проблем, нема начин како да се реагира на системско, државно ниво.

-Едноставно студентот ќе отиде во приватна институција во којашто не се прифаќа повисоко ниво на контрола, од аспект на она што претставува плагијат, несоодветно превземање на содржини и слично. Остануваме во некое лимбо во кое не знаеш како да реагираш, од една страна можеш условно кажано да го избркаш тој студент од постдипломските или докторските студии, со тоа што ќе го изгубиш студентот. Од друга страна, знаеш дека не си ја постигнал крајната цел дека тој човек повторно ќе ја добие соодветната титула со плагијатство на некој друг универзитет, појаснува професорката Најчевска.

Постојат голем број странски софтвери за откривање на „copy-paste“ текст. Согласно Законот за научно-истражувачка дејност, софтверот plagijati.mk,  кој датира од 2011 година, е задолжителен за сите магистерски, специјалистички и семинарски трудови кои мора да бидат внесени од страна на менторот, односно професорот. Со ова се формира централна база на податоци на овие трудови која може потоа да се користи за откривање на плагијати.

-Плагијати е алатка која помага во откривање на плагијаторство од огромна база на трудови,но не може со 100% да каже дека некој документ е плагијат или не. Тоа е одлука на менторите. Сепак, студентите не можат да предадат исти или слични трудови на оние веќе објавени или презентирани од претходните генерации, затоа што оваа алатка многу брзо ги открива. Значи мора да се потрудат да направат нешто ново, велат од МОН.

Актуелна состојба во софтверот според МОН

На сајтот се поставени вкупно 37 987 документи, покажува статистиката на МОН. Меѓу нив и магистерски, дипломски и докторски трудови. Од анализирани 4018 документи, софтверот пронашол 50% совпаѓање кај 28 трудови, а кај 33 дури 90% совпаѓање. Онами каде се забележува 100 % совпаѓање, од МОН коментираат дека се работи за случаи кога ист документ е поставен двапати.

Лицата кои ги контактиравме за изработка на семинарски и магистерски трудови од нас побараа податоци на кој факултет студираме, кој е менторот и дали имаме потреба од презентација. За својата работа даваат гаранција дека документот нема да биде плагијат и дека студентот ќе добие висока оценка.

*Преземено од Радио МОФ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.