Published: Monday, January 13, 2014 09:29
Поради густата магла во текот на ноќта и утринава се откажани голем број на полетувања и слетувања од и на скопскиот аеродром Александар Велики.
На аеродромот се во очекување на подобрување на временските услови околу пладневните часови кога би можеле да се реализираат дел од летовите.
Веќе неколку дена маглата го нарушува сообраќајот на скопскиот аеродром, авионите се пренасучуваат во Приштина или Софија.




