Published: Thursday, December 19, 2013 09:32
Откажани и одложени летови, како за слетување така за полетување од скопскиот аеродромот „Александар Велики“.
Како што информираа од аердромот, синоќа за НОВА, поради големата магла нема можности за слетувања и полетувања, така што оние коишто се на распоредот се пренасочени кон аеродромот во Охрид, „Св. Апостол Павле“, или кон аеродромот во Софија.
Ссотојбата утринава не е променета откажани се летовите за Загреб и Истанбул, а одложен е летот за Дортмунд.
Нема информации до кога аеродромот нема да има можност да ги спроведуваат базичните дејности, поради тоа што не знаат до кога ќе има магла и смог.




