Published: Thursday, December 19, 2013 16:59
Aвионите попладнево повторно не се слетуваат на Скопскиот аеродром „Александар Велики. Откажан е летот за Белград, а пренасочени за слетување кон Охрид се авионите од Љубљана на „Адриа ервејс“ и Луфтханза стои на официјалната интернет страна.
Денеска околу 12 часот, аеродромот беше отворен за полетување кон Диселдорф и Истанбул .
Во претпладневните часови беа откажани полетувањата и слетувањата заради густата магла.
Од аеродромот велат дека постојано се следи временската состојба и редовно се ажурира и интернет страницата со најновите вести за летовите ,од каде патниците може да се информираат за сите полетувања и слетувања.
Поради густата магла авионскиот сообраќај е во застој од вчера попладне.




