Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маја Мухиќ: Политичката елита е виновна за недоволни или влошени меѓуетнички односи

0
By Нова ТВ on April 28, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нова ТВ: Како гледате на терминот соживот од денешна перспектива споредбенo пред две децении?

Маја Мухиќ: Самиот термин соживот, односно conviviencia е термин кој најчесто се поврзува со средновековна Шпанија. Попрецизно, конотацијата на овој термин е соживот, односно хармонија и интеграција на христијанската, исламската и еврејската културна традиција во Калифатот на Кордоба, тогашен Ал-Андалуз, од почетокот на VIII век, па се до средината на XV век. Во таа смисла, содржината на терминот „соживот“, како нешто што означува взаемна соработка и меѓукултурна размена, нема големи промени. Она што во нашиот контекст е променето е амплификацијата на интер и интраетничката димензија кои сега се клучни деноминатори на етничката дистанца. Во таа смисла сметам дека сега е далеку позасилена интраетничката поделеност и тоа по политичка, а не по културна основа. Споредбено пред две децении, сметам дека има подобрување во меѓуетничките односи, но, сепак, остана, па дури и се зајакна интраетничката политичка дистанца (меѓусебни превривања во македонскиот блок помеѓу „комуњари“ и „вмровци“ и слична таква подвоеност внатре албанскиот блок). Таа политичка интраетничка дистанца е една и од клучните причини за влошување на соживотот, иако сега во овој контекст би кажала дека станува повеќе збор за дистанцирање отколку за конфронтација. Од друга страна пак, во политичката сфера станува збор за интраетничка конфронтација со што може да се каже дека токму политичката елита е виновна за недоволни или влошени меѓуетнички односи. Самите етнички заедници верувам дека имаат далеку поизразен капацитет за соживот отколку што тоа го наметнува политичката елита.

Нова ТВ: Дали соживотот и меѓуетничката толеранција е одраз на демократскиот развој на едно општество како што се вели, а знаеме дека во поранешна Југослација имало соживот на повисоко ниво, а идеологијата била сосема друга?

Маја Мухиќ: Демократскиот развој не е во корелација со меѓуетничкото почитување. Терминот толеранција е несоодветен збор и иако се експлоатира би требало да се одбегнува и да се оди со терминот почитување. Толеранција директно укажува хиерархиска врска на подоминантна/супериорна и во извесна смисла, инфериорна страна во која првиот го толерира вториот. Но, во однос на корелацијата демократија – меѓуетничко почитување, да земеме еден пример како јасен индикатор на неповрзаноста на овие категории. Со првиот устав на СССР од 1936 година, потпишан од Сталин, во член 17 се гарантираше право на слободно и мирно отцепување од унијата на секоја Република. Историски, тој режим се смета за најнедемократски, а, сепак, дал право кое ниту еден систем не го дава денес. Каталонија, Баскија, Бугарија или пак, Грција која не признава македонска нација внатре во самата држава се само некои од примерите кои укажуваат кон тоа дека режимот не оди во директна корелација со меѓуетничкото почитување и соживот. Најдемократскиот режим на САД не дозволува политичко организирање по етничка основа што директно го смета за сецесионизам. Примерите од европските земји укажуваат на пораст на ултрадесничарски, националистички партии токму во најдемократските земји. Секако дека постојат и демократски режими во кои не вирее национализмот. Во таа смисла, би кажала дека национализмот многу повеќе се храни од други мотиви како политички интереси, популизам, итн.

Нова ТВ: Можеби со демократијата расте и национализмот кој го кочи овој процес, процес на соживот конкретно кај нас?

Маја Мухиќ: Како што објаснив претходно, национализмот е израз на други општествени процеси и може да вирее како во демократски така и во автократски системи. Подемот на глобализацијата, анти-имигрантските реторики, па и социјалните мрежи кои се исклучително плодна почва за радикализација на младите се само некои од многуте состојки од кои се храни национализмот.

Нова ТВ: Сега има социјални мрежи каде секој може слободно да го каже своето мислење. Често успешните приказни како мешани бракови наидуваат кај дел од населението на осуда како нешто што е неприродно. Дали може да се надмине сето тоа и на кој начин?

Маја Мухиќ: Тоа се индивидуални приказни во кои самите коментари немаат никаква врска со емоционалните односи и разбирањето на двата партнери. Реакцијата на населението се пренагласува и мислам дека не треба толку многу да се зема предвид. „Средината“ е секогаш извор на коментари и критики, честопати со тоа занемарувајќи ги или воопшто незнаејќи ги причините поради кои се стапува во брак.

Нова ТВ: Вие предавате предмети од оваа област. Има ли иднина во ова мултиетничко општество за младината. Ги слушате нивните размислувања, како младите размислуваат во овој поглед?

Маја Мухиќ: Секако дека ги споделуваат дилемите на општеството, но не треба да се очекува дека едноставно ќе прифатат некакво туѓо решение. Секако има студенти чии гледишта одат во прилог на зачувувањето на етничките обележја, но има и студенти кои имаат покосмополитски гледишта. Тоа се различни видувања, но се потполно валидни се додека не се базирани на стереотипи, предрасуди или пак говор на омраза. Сосема е издржана и позицијата на оние кои сметаат дека треба да се сочуваат обележјата на сопствената заедница, како и на тие покосмполитски гледишта кои подразбираат гаснење на таквите обележја. Конечно, би кажала дека младите се во иста дилема како и секое општество и како резултат на многу фактори (лични афинитети, влијаније од семејството и пријателите, итн.) ќе се стремат повеќе во едната или другата насока, но која било линија да ја одберат, треба взаемно да се почитуваат. Токму на тоа взаемно почитување треба да се става најголем акцент во работата со студентите.

граѓани Маја Мухиќ општество Политички елити Почитување соживот Толеранција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.