Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мајка на осумгодишно момче од Загреб: Му ставија јамка околу вратот и го влечеа по училишниот двор

0
By НОВА ТВ Terziova on May 10, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: radio1.hr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мајката на осумгодишното момче рече дека нејзиниот син, првак, околу 18 часот отишол да си игра во училишниот двор. Кога пристигнал, таму веќе имало две момчиња, едното на иста возраст, а другото малку постаро.

Бил во училишниот двор, вели таа, околу 30 минути и во тој момент немало родители во близина на дворот. Кога дошла по синот, видела дека има повреда на вратот и прашала што се случило, а момчињата рекле дека го влечат со јаже.

Син ми стоеше и се држеше за оградата, а тоа постарото момче го „закачи“ за врат и го повлече. Јажето го држеше зад вратот“, вели мајката (32) за 24сата. Таа вели и дека нејзиниот син бил вербално принуден на таква игра од момчињата, иако тој не сакал.

Како воопшто започнала „играта “, мајката не знае, но вели дека помладиот брат на тоа постарото момче, кое го натегнало и го повредило нејзиниот син, донел четири или пет дебели јажиња од двор во близина.

Го влечеа и други момчиња, но најстарото го повреди.На вратот му остана белег, што беше потврдено и на Детската клиника, каде следниот ден го однесов син ми на преглед.Се обидовме да го изладиме местото од повредата вечерта, но следното утро не можеше да го движи вратот, па го однесов на лекар да го види“, рекла мајката.

Покрај физичката, добро видлива повреда на вратот, момчето претрпе и психичка траума, поради што сепак се плаши да оди на училиште, се плаши да се сретне со сторителите и мисли дека сите се против него.

Во болницата на момчето му била констатирана површна повреда на задниот дел на вратот, констатирано е физичко малтретирање и препишан му е одмор, терапија и аналгетици.

Мајката рече дека ова не е прв пат истото момче, негов врсник, да биде насилно кон него. Таа вели дека случајот го пријавила во полиција, која поднела кривична пријава. Што се однесува до децата, тие не можат кривично да одговараат, туку им се изречени воспитни санкции. Автоматски во случајот се вклучува и надлежниот Центар за социјални работи.

Во училиштето каде се случи насилството рекоа дека настанот се случил надвор од наставното време на учениците и дека училиштето постапило согласно прописите и ги известило надлежните институции.

булинг полиција регион Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.