Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мајка Тереза прогласена за светица

0
By Нова ТВ on September 4, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

teresanas

Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциско ја прогласи Мајка Тереза за Светица. Во тек е процесијата околу канонизацијата на светицата Мајка Тереза, а Папата пред граѓаните читаше од светата книга на мудроста.

Следете ја церемонијата во живо

Десетици илјади  се собраа на церемонијата на плоштадот „Св. Петар“ да ја проследат мисата и канонизацијата. Кардиналот Ангело Амато прочита кратка биографија за делото на Мајка Тереза, а потоа побара од папата да ја канонизира во името на црквата.

„По честите молитви за божествена помош и по долго советување со многу од нашите браќа епископи, ја прогласуваме и дефинираме Блажената Тереза од Калкута да биде светец и ја запишуваме меѓу светите, барајќи таа да биде почитувана од страна на целата црква“, рече Папата.

papata

Настанот го следат бројни медиумски екипи од светот, стотици сестри од сестринствoто кое го основаше Мајка Тереза, 13 државни делегации меѓу кои и македонската предводена од претседателот Иванов, а во која се и премиерот Димитриев и партиските лидери Груевски и Заев и внукот на Мајка Тереза.

Македонија, Албанија и Индија  во Ватикан имаат посебно место на свеченоста, како земји на нејзиното раѓање, потекло и мисија.

Речиси 1. 500 бездомници ширум Италија се донесени во Рим во чест на прославата.

 

vernici

Две чудa во излекување на болест по нејзината смрт во 1997 година се припишуваат благодарение на нејзините молитви.

Папата Јован Павле Втори го призна нејзиното прво чудо, излекување на Индијката Моника Бесра во 1998 година со наод тумор во стомакот. Пет години подоцна, Папата Францис го призна второто чудо на Мајка Тереза поврзано со нејзината моќ за исцелување, необјасниво лекување на маж од Бразил од неколку мозочни тумори во 2008 година, додека тој бил во кома.

Мајка Тереза е родена е во Скопје под името Агнеза Гонџа Бојаџиу. Уште на возраст од 12 години таа се одлучила да живее како калуѓерка. Живеела со најсиромашните во предградијата на Калкута. Како основач на редот Мисионери на милосрдието, се посветила на добротворна работа помагајќи им на болните и сиромашните луѓе, поради што во 1979 година ја добиНобеловата награда за мир.

Според Католичката црква нејзината светост е во тоа што во дело ги спроведувала зборовите божји и што се посвети на најзагрозените групи во општеството.

Сепак, критичарите ја оспоруваат нејзината чудотворност велејќи дека таа е се, само не и светица, критикувајќи ги трошењата на донациите, силниот став против абортусот, верата во духовната оправданост на сиромаштијата и наметливото крштевање на оние кои се пред умирање.

>>> Канонизација на Мајка Тереза – заслужено или не

Ватикан канонизација Мајка Тереза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.