Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мајката на момчето што почина чекајќи ново срце: Спасете ги другите што живеат на батерии

0
By Менче Атанасова Точи on August 15, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 15, 2020 10:07
Над 20 пациенти имаат потреба од трансплантација на срце. Вкупно 13 од нив имаат вградени пумпи во срцето, останатите немаат никаква механичка поддршка. За нив животот е борба. Освен за срце, пациентите со вградени пумпи се борат и со секојдневните неправди, терапијата која сами ја купуваат, преврските и лабораториските анализи кои се задолжителни еднаш во неделата, а самите ги плаќаат.
„Имаме поднесено барање до ФЗО, на кое се надеваме наскоро дека ќе ни се одговори позитивно. Ние сами си ги купуваме лековите, месечна терапија на лекот за јакнење на срцевиот мускул е 85 евра, сами си ги купуваме батериите кои се менуваат на три години. Една батерија чини 1100 евра, некои имаат по четири, други по 8 батерии. Самите ги плаќаме и задолжителните преврски еднаш неделно и лабораториските анализи“, изјави за НОВА Даниел Тодоровски, претседател на Здружението на пациенти со механичка циркулаторна потпора на работата на срцето„Храбро срце“.
Но, оваа механичка потпора, односно пумпите кои им се вградени се само преодна фаза до трансплантација на срце. Никој не знае колку е векот на траење на новите пумпи. Првата пумпа која беше вградена во Германија кај пациент од Македонија не издржа. Нејзиниот рок на траење беше пет години, а кај 31 годишниот Кристијан Неделковски кој почина на 22 јуни годинава, беше вградена цели осум години.
Неговата мајка Бети, вели дека молејќи и плачејќи заминал од овој свет за да му се овозможи да замине на трансплантација во Хрватска, но не наишле на разбирање од Министерството за здравство и ФЗО. Кристијан почина на Клиниката за кардиологија каде беше примен кога пумпите почнаа да пиштат и алармираат, по што му откажаа белите дробови и срцето.
„Три години молевме и апелиравме да му се помогне на Кристијан, но освен ветувања и телефонските разговори, размена на пораки не добивме ништо. Се јавуваме во Министерството за здравство поднесувавме барање во ФЗО, но никој не сакаше да ни помогне. Министерството и Фондот си ја префрлаа топката које надлежен, а кој не. Изгубивме многу време, а состојбата на Кристијан се влошуваше. Стапивме во контакт со Хрватска и добивме датум за предтрансплантациски испитувања, сами ги плативме исто како и секоја друга контрола. Тоа се случуваше во февруари минатата година, така што од тогаш до јуни додека почина Кристијан добиваваме само празни ветувања“, раскажува за НОВА, Бети Неделковска мајка на починатиот Кристијан.
Таа вели дека голема неправда му е направена на нејзиниот син кој толку многу се надеваше дека ќе живее, дека ќе добие ново срце.
„Дали знаете колку многу ги молевме, но ниту еднаш не ни кажаа причината зошто не му дозволуваат да оди на трансплантација  во Хрватска, иако ветуваа дека ќе помогнат. Ако се исцрпени можностите за лекување тука, треба да се испрати пациентот на лекување во друга држава. Кој ќе понесе одговорност што го оставија така да умре, или пак, Кристијан е само еден од низата пациенти кои се оставени на милост и немилост на државата“, вели Бети Неделковска.
Кристијан Неделковски со тежина на батерии од 8 килограми како поткрепа на двете пумпи кои му беа вградени во срцето
 Таа тврди дека дури две недели пред да почине Кристијан бил испратен допис во Виена за да биде испратен таму на лекување. Но, во таква тешка состојба не го примиле, бил одбиен. Неделковска прашува зошто тоа не било направено многу порано.
„Дали видоа дека состојбата не е добра и побараа помош за да нивниот образ остане чист. Дали Кристијан не успеа зашто не е дете на пратеник, лекар или министер. Ова да не се повтори на никого, затоа што како Кристијан чекаат уште десеттина пациенти и стравуваат за нивните животи. Не е лесно да се живее живот на батерии“, вели Неделковска.
Во мај годинава, додека Кристијан уште беше на Клиниката за кардиологија, беше направена првата трансплантација на срце од почнат донор. Иван Огњановски, 54 годишниот пациент на кого му беше пресадено срце деновиве ја напушто болницата и се чувствува добро, лекарите велат ќе живее нормално со новото срце.
Оваа успешна трансплантација покажа дека стручен тим од лекари има, но проблем е што нема донори. За државата да биде примена во Еуротрансплант треба да исполни повеќе услови, меѓу кои и да има развиено органодарителство. Со тоа ќе може да прима, но и да дава органи.
Од Здружението „Храбро срце“, велат дека покарај другите активности за подигање на свеста кај граѓаните, ќе бараат и измени на Законот за трансплантација. Тие велат дека ќе бараат дополнување на законот со тоа граѓаните кои што дале изјава кај нотар дека ги даваат своите органи по смртта, тоа да се уважи, без разлика на одлуката и мислењето на семејството.
Инаку, пумпите кои им се вградени на овие пациенти, чинат три до четири пати поскапо од една трансплантација на срце.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.