НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мак Аутостар ја пишува историјата – прво електрично возило во Македонија

0
By Нова ТВ on June 18, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од денеска може да купите автомобил кој се движи исклучиво на струја. Замислете, веќе нема бензинска пумпа, туку едноставно, возилото го полните како мобилен телефон, на обичен приклучок за електрична енергија.

Mitsubishi i-MIEV е првиот сериски произведен електричен автомобил во светот, со првиот произведен модел во 2009-та година, а од денес, благодарение на Мак Аутостар, овој автомобил е достапен и за македонските граѓани.

Станува збор за помало градско возило со иновативен и футуристички дизајн, кое благодарение на напредната технологија е забавно за возење и продуцира 0% емисија на CO2.

Мак Аутостар следејќи ја глобалната стратегија за заштита на животната средина е исто така прва компанија во Македонија која воведува електрично возило за свои потреби, потврдувајќи ја својата определба за општествена одговорност.

„Навистина ни претставува огромно задоволство што имаме можност да го претставиме првото електрично возило достапно за продажба во Македонија – Mitsubishi i-MIEV, кое воедно и прв сериски произведен електричен автомобил во светот. На овој начин овозможуваме да бидеме дел од глобалниот тренд за воведување нови, напредни возила, кои до пред некоја година се означуваа како футуристички, а денес се реалност“, изјави директорот за маркетинг на Mitsubishi Motors Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ.

Претходната година, Мак Аутостар во Македонија го претстави првиот електро-хибриден теренец во светот, Mitsubishi Outlander PHEV, кој овозможува движење само на батерија или во комбинација со мотор со внатрешно согорување.

Во пионерскиот чекор на претставување на Mitsubishi i-MIEV, а воедно и први кои имаа можност да го запознаат електричното возило, беа професорот од Машинскиот Факултет во Скопје, д-р Игор Ѓурков, претставникот на НВО Електромобилност, Оливер Велковски, организација чија цел е промовирање на новите трендови во урбаниот транспорт, како и сопственикот на компанијата АНИМА, Ванчо Зрнцев, компанија која по многу дејности во Македонија е фирма-првенец и која прва направи конверзија на автомобил во електромобил.

„НВО Електромобилност го поздравува овој смел чекор на Мак Аутостар да го донесе iMiEV во Македонија, како и сите оние кои ја поддржуваат ваквата технологија во автомобилизмот и генерално во мобилноста, која нуди значително намалена бучава, намалено загадување на возухот и почвата, помали трошоци за одржување на возилото, евтина цена на изминат километар и низа други бенефиции. Возењето на ова возило можам да кажам дека претставува посебно доживување и уживање за секој кој ги сака автомобилите“, изјави Оливер Велковски од НВО Електромобилност.

„Возилото Mitsubishi i-MiEV е одраз на рационалниот пристап во проектирањето на електричните возила: мала маса, голема просторност во кабината со одличен комфор за четири патници и повеќе од солидна автономија на движење. Доволни се само десетина километри возење за да стекнеме впечаток колку голем потенцијал за енергетска заштеда се крие трансформацијата на кинетичката енергија со рекуперативно сопирање применето во ова возило. Со појавата на i-MiEV на пазарот, со голема радост можеме да и посакаме добредојде на иднината на чистиот и енергетски ефикасен индивидуален транспорт во градовите“,изјави професорот на Машинскиот факултет во Скопје, д-р Игор Ѓурков.

„Првото чувство од i-MIEV-от беше дека возилото, иако е со релативно мали надворешни димензии, ми пружи удобно седење зад управувачот. Самото возење претставува уживање и е прилично забавно. Прекрасно е чувството кога знаеш дека секое притискање на сопирачките или отпуштање на педалот за гас, овозможува дополнување на батериите, за разлика од класичните автомобили, каде истите активности значат залудно потрошено гориво и загадување на околината“, изјави директорот на компанијата Анима, Ванчо Зрнцев.

Технички карактеристики за i-MIEV:

Mitsubishi i-MIEV е со должина од 3.475 мм и поседува футуристички изглед, а од друга страна нуди исклучителна удобност. Дури и со 4 возрасни патници, i-MIEV располага со багажен простор од 235 литри. Благодарение на долгото меѓуоскино растојание од 2.550 мм, се постигнува и исклучителен баланс и стабилност. Од аспект на безбедноста, како најдобар показател дека кај Mitsubishi Motors тоа е секогаш приоритет е податокот дека Mitsubishi i-MIEV на EuroNCAP тестот освои 4 ѕвездички за безбедност.

Возилото поседува литиум-јонска батерија со висок капацитет, која му дава струја на синхрониот мотори и истиот потоа ги задвижува задните тркала. Батеријата се наоѓа под подот на автомобилот, со што се постигнува понизок центар на гравитација и зголемена удобност при возењето, кое може да се очекува од поголем автомобил.

Опсегот на движење е околу 160 км, а достигнува максимална брзина од 130 км/час. Доколку батеријата се полни во текот на ноќта, цената на чинење за 100 изминати километри изнесува околу 35 денари.

При вклучување на батеријата на обичен приклучок на струја, истата може потполно да се наполни за 6 часа, додека со конекција за „брзо полнење“, 80% од батеријата ќе се наполни за 30 минути.

Италијанската полиција со i-MIEV

Ширум светот, од појавувањето на Mitsubishi i-MIEV во 2009-та година, се продадени над 30.000 возила.

За извршување на секојдневни активности во урбани средини, без притоа да се загадува животната околина, италијанската полиција минатата година се опреми со Mitsubishi i-MIEV, a истото го сторија и полициите на Шпанија, Велика Британија, Јапонија и Хонг Конг.

Во соседството, Хрватска набави i-MIEV за потребите на своите национални паркови.

Како најголема поединечна набавка на Mitsubishi i-MIEV регистрирана досега е набавката од 500 автомобили кое го направи Естонската држава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.