Група од 20 неоженети Македонци од Македонски Брод заминуваат во полупразен автобус во Украина со надеж дека ќе го наполнат со невести, се вели во статијата објавена Ал Џезира.
Градоначалникот Милосим Војнески ги собра неоженетите мажи од Македонски брод и сега се договараат последните детали за пат во далечната земја.
„Два дена ќе трае средбата во Украина и ќе можат на кратко да се запознаат. Ние велиме – да си се бендисаат еден со друг. И се надевам дека секој ќе одбере по една девјка и дека сите ергени ќе се вратат во селото со невести“, вели Војнески.
46-годишниот Коце Велески од селото Брест само го води домаќинството. Тој е еден од кандидатите за женидба. Верува дека во Украина го очекува најубаво изненадување.
„Не си човек без другата половина. Да се формира семејство, да се направи круг – тоа ми е целат“, вели тој.
Средбата на неоженетите мажи ја организираше невладината организација која го негува македонско – украинското пријателство. Ергените од Македонски Брод ќе ги посетат руралните краеви во Украина, каде, како што велат, има повеќе жени отколку мажи.
На селто Брест му се заканува затворање на училиштето. Синот на Алида Трпковска е еден од четворицата ученици. Оваа жена од Албанија пред неколку години се омажила во ова планинско село.
„Овде нема работа, другото е инаку добро. Маж ми нема работа, јас работев пред да се омажам, но што да се прави“, вели Трповска.
Пред 30 години за време на Југославија, во општина Македонски Брод немаше невработени. Но сега во градот не работи фабриката за производство на паркети, некогашен симбол на овој регион. Тоа е причината што девојките одат во други краишта, објавува Ал Џезира.
Минатата година во општина Македонски Брод се родиле само 47 бебиња, а 100 граѓани починале. Значи двојно е помал бројот на новородените во однос на починатите.



