Граѓаните на Република Македонија минатата година во спортско обложување потрошиле повеќе од 90 милиони евра, според анализата на податоците, која ја направи Капитал, од четири спортски обложувалници Sport Life Trade, Златна копачка, Zlatna Kopačka , Betcity Balkan i Masterbet .Oвие компании беа вклучени меѓу првите 200 најголеми и најпрофитабилните во Македонија. Бројката од 90 милиони е поголема ако се земе предвид дека граѓаните ги посетувале и помалите кладилници. Sport Life Trade е најголемата спортска обложувалница во Македонија која минатата година направила профит од 51.300.000 евра. Втора е Златна копачка со годишни приходи од 16 милиони евра. Betcity Balkan пријавила приходи од 14 милиони евра а четвртат e MasterBet со приходи од 3,75 милиони евра, се вели во анализата на Капитал.




