НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонецот Станковски ги пречека Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони „Хари С. Труман“

0
By Нова ТВ on December 10, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наум Котевски

Државниот врв сè уште е под силни импресии од учеството во истражувачката турнеја на НАТО и вчерашното присуство на носачот на авиони на американската морнарица „Хари С. Труман“, кој, како што нагласуваат, е веќе дел од нашата одбрана. На импозантниот воен брод, проектиран како „пловен аеродром“ или како што го нарекува министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, „град кој постојано пулсира и во кој постојано се одржуваат вежби во текот на денот, но и ноќта“, тие остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командант на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили во Неапол. Тој важи за еден од најистакнатите генерали и најголем интелектуалец во американската војска.

Како одело патешествието на македонската делегација

Премиерот Заев, министерката за одбрана Шекеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери биле земени од Меѓународниот аеродом во Скопје и со специјален авион биле пренесени во Неапол, откаде полетале кон носачот. Авионите со кои полетувале и слетувале надворешно, но и во внатрешноста, биле обоени во боите на македонското знаме, како гест на гостопримство и своевидно добредојде во семејството на НАТО.

Државниот врв се уверил во моќта на носачот на авиони кој е еден од 20-те кои ги поседуваат САД, а останатите земји членки на НАТО имаат уште осум. Тоа е трипати повеќе во однос на вкупниот број носачи во сопственост на земјите кои не се членки на Алијансата. Се мора да биде доведено до перфекција. Се слетува од првата до четвртата сајла – на првата е прерано, а веќе на четвртата е доцна.

Допирот со „чудото“ од кое четири авиони полетуваат за две минути и соочувањете со најситните детали од типот „вградување на сите елементи во авионите за да бидат во целосна готовност“ меѓудругото значел и неочекувана средба на државниот врв со „домаќинот“ Никола Станковски. Станува збор за младо момче со македонско потекло кое е дел од тимот кој со совршена синхронизација обавува разни задачи на носачот. Неговите родители се родум од Битола и Прилеп, а тој е роден во Чикаго, но тоа не било пречка солидно да го зборува македонскиот јазик.

Неочекувана средба со бугарската делегација

Македонската делегација, според информациите, слетала на носачот на авиони околу 11 часот, а три часа подоцна околу 14 часот неочекувано за нив пристигнала и бугарската делегација предводена од премиерот Бојко Борисов и министерот за одбрана Красимир Каракачанов. Неофицијално посетата на Борисов била поврзана со купувањето на авиони, зделка вредна над милијарда долари. Македонската и бугарската делегација го напуштиле носачот на авиони во 15 часот, така да немало многу време за разговор.

Во изјава за јавноста, премиерот Заев вели дека минатата недела во Лондон, почувствувале што значи да се биде дел од семејството на земјите членки на НАТО, со оглед на тоа што „бевме рамо до рамо со политичките лидери на Алијансата“, додека со посетата на носачот се комплетирала сликата за припадноста во најсилниот систем на колективна безбедност.

„Со посетата на носачот на авиони „Хари С. Труман“, еден од најимпресивните репрезенти на моќта и на комплексниот систем за ефикасни оперативни задачи за одржување на безбедноста, мирот и сигурноста во светот и со средбата со адмирал Џејмс Фого, ја комплетираме сликата за најмоќната воено-безбедносна алијанса на светот и за припадноста на Северна Македонија во најсилниот систем на колективна безбедност што обединува речиси 1 милијарда граѓани од демократскиот свет. Најсилните земји во светот се наши сојузници, Северна Македонија е партнер и сојузник со сите нив“, вели Заев.

Тој нагласи дека средбата со адмирал Фого на носачот „Хари С. Труман“ е јасен сигнал за активното учество на нашата земја во глобалните процеси кои носат мир во светот, како и во процесите во кои заедно со сојузниците се справуваме со сите конвенционални и хибридни закани за сигурноста и безбедноста.

„Стануваме членка на НАТО во еден исклучителен геостратегиски момент, особено важен момент за зоната на влијанија на Југоисточна Европа, во Црноморскиот басен, и во Средоземното море од кое се контролираат три континенти. Но, поддршката на нашите стратешки партнери, особено на САД и на другите членки на НАТО алијансата, создаде услови поканата за членство воопшто да не биде доведена во прашање. Ние сме дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот. НАТО е најсилната гаранција за нашата стабилност, сигурност, неменливост на граници и за зачувување на територијалниот интегритет. А, безбедноста и сигурноста се основата на секоја економија – основата за странски инвестиции, за повисоки плати, за добри работни места, за просперитет“, потенцира премиерот Заев и додаде дека гаранцијата за нашата безбедност и стабилност треба да биде поттик сите фактори во земјата да се заложат за спроведување на реформите, за демократија, за владеење на правото и за почитување на човековите права и слободи како вредности што ги делат земјите членки на НАТО.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска рече дека присуството на нашата делегација на носачот на авиони „Труман“, што е дел од НАТО флотата на Медитеранот, покажува што ова ќе значи за нашата држава.

„И тој носач на авиони „Труман“, е дел веќе од нашата одбрана. И тие авиони на носачот, и овие денеска во базата, се дел од нашата одбрана. Сите тие, повеќе од 5.000 војници на носачот на авиони, се дел од нашата одбрана, исто како што нашите капацитети, се дел од НАТО системот. За ова се боревме, за ова работевме и за ова нашата држава вложи многу. Сега е шансата да ги собереме плодовите од НАТО членството, да имаме повеќе шанси за домашни и странски инвестиции, да создадеме повеќе шанси за работни места и повисоки плати и да покажеме дека само со сигурна земја се создава и просперитетна иднина“, нагласи министерката Шекеринска, потенцирајќи што значи да се биде дел од најголемиот и најмоќниот воено-политички сојуз.

Дел од владините функционери во неформалните разговори денеска ги ставија придобивките од влезот во НАТО и во контекст на задоцнетата независност со која се стекна нашата држава, што е последица, како што велат, на отсуството на линк со центрите на моќ, со оние што ги носат клучните одлуки.

„Важно е тие линкови што историски сме ги пропуштиле сега да ги создадеме“, велат тие.

700 милиони евра за модернизација на АРМ

Според проценките, околу 700 милиони евра во наредните 10 години ќе бидат потрошени за модернизација на војската по НАТО стандарди. Во договор со владата на САД ќе се набавуваат лесни оклопни возила и оклопни транспортери, а до 2024 година треба да се набават и повеќенаменски хеликоптери. Во НАТО структурите ќе има 20 македонски претставници кои всушност ќе бидат воени офицери на Алијансата, а во фокусот на Северна Македонија се мисиите во Авганистан и Ирак.

Во наредниот период до 2024/25 години интензивно ќе се работи и на формирање лесна пешадиска група од 1.000 војници која ќе биде на располагање на НАТО за воени вежби, но и за учество во одредени операции со сопствена опрема, логистика, храна, итн.

Во перод од три години, Македонија, речиси, двојно ги зголеми своите буџетски придонеси за НАТО. Таа стапка ќе достигне 1,4 отсто во 2020 година. Буџетските придонеси кон НАТО ќе се зголемат на два отсто БДП најдоцна до 2014 година.

„Хари С. Труман“ – еден од 10-те носачи од класата „Нимиц“

„Хари С. Труман“ е еден од 10-те носачи на авиони од класата„Нимиц“ со должина од 333 мети и носивост од 100,000 тони. Наречен е според 33. претседател на САД, кој ја извршувал оваа функцијка во периодот меѓу 1945 година и 1953 година.

Носачите работат на нуклеарен погон, развиваат максимална брзина од 30 наутички јазли (56 км/ч) и максимална сила од 260,000 коњски сили. Бидејќи се на нуклеарен погон, можат да бидат активни на море над 20 години пред да имаат потреба од нова енергија, а работниот век им е над 50 години.

 

Оваа генерација носачи се најголемите воени бродови што ги имаат САД, и кога пловат се придружени од неколку други бродови (Carrier Strike Group). „Нимиц“ носачите на авиони се екипирани со високо развиена технолошка опрема и наоружување (за дефанзивна и офанзивна употреба) и екипаж од 6.250 воени лица, вклучително и пилотите, има капацитет да смести 90 летала (авиони и хеликоптери) и писта со големина од 1.8 хектари.

Тоа е првиот носач на авиони во светот на кој имаат слетано и полетано воени беспилотни летала (воени дронови) во 2012 година. Пуштен е во употреба во 1998 година и има добиено 17 награди.

„Хари С. Труман“ Зоран Заев Носач на авиони Радмила Шеќеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.