Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија е мртва птица наполнета со слама!

0
By Zoran Ivanov on October 20, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 20, 2025 09:44

Македонија е форма испразнета од својата содржина. Сега е мртва птица наполнета со слама од патетични фрази и стои закачена во Штабквартирата на вмро.

Бранко Тричковски

Единствената разлика меѓу лудите и мене е во тоа што јас не сум луд.

Можеби малку претерувам затоа што и на страната на мојата маленкост има некои благи симптоми.

Хахаха!

Но, општеството нема да можам да го стигнам, тоа е сигурно.

Тоа е качено на стапот на Мондо Дуплантис.

Го оставам да гори исчистено од дух, емоции на слободниот човек и памет, за ронка блискост до власта, во моралниот пожар, во кој вчера изгоре остатокот од Кочани, пет шестини од Скопје и седум осмини од државата.

Ги оставам да поживеат малку во ренесансата, на Леонардо М., во држава која е трета по економија во Европа (!?), и со гигантски чекори оди напред.

Кон својот крај.

Луѓето гледаат на вчерашните резултати како на успех на вмро и пораз на сдсм, што е неспорно, но јас мислам дека е грешка на тоа поведение на гласачкото тело да се гледа како на политичка епизода која следниот пат може да се заменни со епизода во која односот на силите може да се промени.

Мислам дека состојбата на нацијата е драматична. Не само што нема политички актери кои можат да ги сменат катастрофалните процеси, туку нема ниту инструменти, а што е најважно, нема народ со кој би можело да се работи.

Менталните деформации се трајни и непоправливи. Македонија е форма испразнета од својата содржина. Сега е мртва птица наполнета со слама од патетични фрази и стои закачена во Штабквартирата на вмро.

Ја симнуваат за прошетки по локалните телевизии и портали.

До скоро мислев дека кога народот ќе тресне во ѕидот на актуелнава политика, во моментот кога таа ќе снема ресурси да ги сервисира елементарните потреби и интереси на граѓаните, што веќе е случај, ќе се случи некакво освестување и борба за промени, но сега мислам дека дури тогаш нема да мрднат со прст.

Не само мртвите под ѕидот.

Еднаш напишав дека јас во секој случај ќе бидам победник. Мислев ако Македонија победи- поради победата, а ако загуби, што сега е извесно, затоа што ќе загуби и ќе ме ослободи од себе.

Тонам во меланхолија.

Креативна.

Не сум лут, нити сум загрижен.

Кршете глава вие што вчера победивте или бевте поразени.

Изборите се анален термометар кој покажува колкава е лудоста на нацијата.

Нашата, односно вашата, демек македонската, е 43 со 5.

Лепота живуленија!

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Бранко Тричковски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.