Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија лани била меѓу трите земји со најзагаден воздух во Европа

0
By Zoran Ivanov on March 24, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 24, 2026 13:27

Македонија е на 34. место во светот, а на второ во Европа според загадувањето на воздухот со ПМ честички.

Извештајот за 2025 година, објавен на платформата „Ај-кју-ер“ ја рангира земјава веднаш зад Босна и Херцеговина, а пред Србија, со коефициент 21,2, што значи надминување на максималните вредности на ПМ 2,5 честичките за три до пет пати, пренесува.

Најзагадени градови во земјава минатата година биле Тетово и Струмица, со коефициент од 27,3, што значи дека вредностите на ПМ 2,5 биле пет до седум пати над дозволените граници. На 18. место на листата е Гостивар, а на 31. и 32. место се Кичево и Куманово. Скопје е на 113. место со коефициент од 19,1.

Ова е осмиот годишен Извештај за квалитетот на воздухот во светот на платформата, на кој може да се види дека Македонија лани имала најнизок просек на загадување на воздухот, во споредба со претходните години, кога коефициентот надминувал 35, односно алармирал за покачени вредности на ПМ 2,5 и до десет пати. Најзагадени месеци биле јануари, февруари и декември, а најчист воздухот бил во април и мај. И Скопје минатата година имало најмало загадување на воздухот во споредба со претходните години. Од 2018 година наваму коефицирнтот опаѓа секоја година од над 30 до под 20.

„Ај-кју-ер“ секоја година прави анализа на податоците за глобалното загадување на воздухот со користење на податоци од мониторинг станици од 9.446 градови во 143 земји, региони и територии. Споредено со претходниот извештај, 54 земји регистрирале зголемување на годишниот просек на PM2.5, 75 забележале пад, две останале непроменети, а 12 нови биле  претставени во овогодинешниот збир на податоци.

воздух загаден мкд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.