Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија бележи напредок во сферата на надворешните односи, оцени ЕК

0
By НОВА ТВ on October 23, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 23, 2021 09:49

Северна Македонија е умерено подготвена во областа на надворешните односи и постигна одреден напредок во текот на минатата година, констатира Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјава за 2021 година.

– Северна Македонија ја продолжи својата добра соработка со ЕУ, вклучително и во рамките на Светската трговска организација (СТО). Беше имплементиран Дополнителниот протокол 5 за олеснување на трговијата, вклучувајќи го и проширувањето на концептот на овластени економски оператори (ОЕО), се наведува во Извештајот.

Според Комисијата, Институционалниот капацитет на земјата за целосно учество во трговската, развојната и хуманитарната политика на ЕУ е се уште недоволен.

– Во наредната година, земјата треба особено да го зголеми својот севкупен административен капацитет во врска со трговската политика, Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и во рамките на СТО, да го спроведе Акцискиот план за развој на Заеднички регионален пазар 2021-2024 година, да го имплементира Протоколот број 6 за трговија со услуги на ЦЕФТА и да преговара и да го усвои Протоколот број 7 на ЦЕФТА за решавање спорови, наведува Европската комисија.

Во областа на заедничката трговската политика, Северна Македонија, се посочува во Извештајот, продолжи да ги координира своите позиции и тесно да ги усогласува своите политики со оние на ЕУ, вклучително и во рамките на СТО и ги поддржува предлозите на Унијата за реформи на Светската трговска организација (СТО).

– Одредбите од Спогодбата за олеснување на трговијата се целосно применети и Националниот комитет за олеснување на трговијата се состана двапати во 2020 година. Земјата ги продолжи преговорите за пристапување кон Договорот за владни набавки на СТО, преку учество на три сесии на својот комитет во 2020 година. Администартивните капацитети на Министерството за економија, задолжено за трговска политика, треба дополнително да се зајакнат, се заклучува во Извештајот на Ервопската комисија во делот на надворешните односи. 
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.