Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија без план за борба со невработеноста

0
By Нова ТВ on May 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


На Македонија и требаат сериозни економски политики за справување со невработеноста на младите на долг рок, развој на вистинско претприемачко општество и институции за поддршка.

Сегашните мерки и проекти за лидерство и вработување на младите имаат само краткотраен ефект, вели професорката Марија Зарезанкова-Потевска, па затоа без системски решенија, нема вистинска борба со младинската невработеност.

Не е проблемот во мрзеливоста на младите, посочува таа, туку во недостигот на институции кои ќе помогнат во реализирање на младинските идеи како и во непостоењето на обновливи фодови што даваат поволни кредити за новите бизниси.

Во држава која се гордее со фактот што над 90% од средношколците се запишуваат на факултет, а во отсуство на добра деловна клима, вработувањето останува најголем проблем за младите. Притисокот е силен , вели Злате Ангелов кој пред неколку месеци го заврши Машинскиот факултет.

Аплицирал на дваесетина места, повратен одговор добил само од едно-пишувало дека е преквалификуван за работата. За другите места се барало искуство, кое вели тој нема каде да се стекне, иритиран од обвинувањата дека младите луѓе во Македонија пребираат работа.

Според професорката Зарезанкова, потребни се сериозни промени во општеството, но и плански развој на цела Македонија, а не само на Скопје. Младите, вели таа мора да ја добијат можноста што ја заслужуваат и да ги прифатат новите предизвици, но не само преку кампањи.

Последните податоци од државниот завод за статистика покажуваат дека 53% од младите се невработени, при што константно расте и бројката на невработени дипломци и магистри.

Голем дел од нив работат на места за кои се премногу квалификувани, покажува последниот извештај на Меѓународната организација за трудот, но истовремено голем е бројот и на оние младите луѓе кои работат на високи позиции за кои немаат доволно образование. Поради лошата деловна клима, малкумина од младите се решаваат да почнат свој бизнис, а се повеќе одлучуваат да заминат во странство и да не се врата во Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.