НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија доби покана за НАТО, следен чекор е референдумот

2
By Нова ТВ on July 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија и официјално ја доби поканата за почетокот на преговорите за влез во Северноатлантската алијанса, со што се отвора патот да стане 30. земја-членка, а прогнозите се дека постои можност официјално да бидеме дел од Алијансата кон средината на следната година.

Во меѓувреме треба да се исполнат обврските од Договорот со Грција, за Македонија – успешно спроведен референдум и уставни измени, како и да завршат процедурите за усогласување со НАТО и процесот на потпишување на протоколот за прием на Македонија од сите земји-членки.

Генералниот секретар на НАТО вчера на свечената церемонија во Брисел, на вториот ден од Самитот официјално му ја врачи на премиерот Зоран Заев поканата за почеток на преговори со Алијансата, по одлуката на северноатлантските сојузници во Брисел.

– Ова е клучен пробив кој го отвори патот за полноправно членство, деталните пристапни преговори сега ќе започнат. Откако сите ваши национални процедури ќе завршат и откако ќе биде ратификувано од земјите-членки ќе станете 30-та членка на НАТО со еднакво место на маса, еднаков глас во дискусиите и еднакво право на гласање во најуспешниот воен сојуз, рече генералниот секретар по потпишувањето.

Премиерот Заев ја изрази својата благодарност до генералниот секретар, но и до премиерите на соседните Грција и Бугарија, за постигнувањето на договорите за добрососедство.

– Ова е историска одлука за земјата и за граѓаните,  признание за нашата посветена работа две децении, и за сите македонски политичари од независноста до денеска, рече Заев.

Бидете уверени, додаде, дека нашето членство ќе ја консолидира демократијата во регионот и ќе служи како позитивен пример во Западниот Балкан.

 

– Како идна 30. земја на Алијансата подготвени сме да дадеме позитивен пример и да придонесуваме за обликување на Западниот Балкан во мирен, просперитетен и демократски регион, додаде Заев.

Во состав на македонската делегација во Брисел предводена од Заев, беа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, шефот на дипломатијата Никола Димитров и националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.

Откако земјава ја доби поканата Владата во 15 градови низ државата за в сабота е најавена голема граѓанска прослава.

– Македонија доби покана да стане членка на НАТО и има датум за преговори со Европската унија. Се изборивме за сигурна иднина. Доаѓа време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност, се вели во објавената програма на веб страницата на Владата.

Следен чекор е референдумот

Според прогнозите на Димитров Македонија кон средината на следната година може и формално да стане 30. земја-членка на НАТО, доколку сите други процеси се одвиваат како што треба и додаде дека станува збор за технички процес за кој се потребни неколку месеци.

– Но, тој исто така е поврзан со исполнување на нашите обврски од Договорот со Грција. Ни претстои референдум и процес на измена на Уставот. И откако ова биде финализирано, ќе може да ги потпишеме протоколите за пристапување, кои потоа ќе бидат ратификувани во Парламентот на Атина и во другите земји-членки. Ако работите одат добро во прашање се месеци. Можеби кон средината на следната година ќе бидеме формално 30 земја-членка на НАТО, изјави шефот на дипломатијата во интервју за Еуро Вестерн Балканс.

Во врска со неговите очекувања од референдумот истакна дека смета дека граѓаните ќе го поддржат договорот, бидејќи, како што рече со него е покриен најсензитивниот дел, идентитетот и јазикот. Прашање, според Димитров е одѕивот. Вели, поради тоа што Избирачкиот список не е ажуриран.  – Формално имаме 1,8 милиони гласачи, но најверојатно имаме помалку граѓани кои живеат моментално во земјата, додаде тој.

Референдумот ќе биде голем предизвик, нагласува Димитров и додава дека во голема мера ќе зависи од опозицијата и начинот на кој таа ќе постапи.

– Ако ја препознаат историската шанса и историскиот момент, ако сите повеќе мислиме на земјата, а помалку на нашата политичка иднина, тогаш ова ќе биде мошне успешен референдум. Следните денови ќе мора да донесеме одлуки, како да го сториме ова. Влогот е многу голем и сметам дека нема поголема патриотска должност за секоја влада во Македонија, од креирање на ваква можност, нагласи шефот на дипломатијата.

Следната недела пристигнува планот на НАТО

Сега откако Македонија ја доби поканата следната недела треба да добие план на НАТО, по кој прецизно треба да се водиме во завршувањето на воено-техничките реформи и тој план е идентичен за секоја земја-аспирант.

Националниот кооринадор за НАТО, Стево Пендаровски, појасни дека ќе има практично две сесии за политички и за технички прашања како што е со секоја друга земја-аспирант во минатото.

Она што е специфично за Македонија и што наша конкретно домашна задача е да го имплементираме докрај договорот со Грција и НАТО ќе не цени низ таа призма.

Воено-техничките и политички услови ќе треба да ги исполниме во наредните четири до шест месеци, вели Пендаровски, а во меѓувреме ќе биде неопходно да ја завршиме и процедурата за ратификацијата за референдум во однос на договорот и да спроведеме уставни промени.

Според негова проценка, некаде околу средината на јануари 2019 година би требало, ако се биде успешно, да ги завршиме и овие преговори и потоа следува ратификација во сите парламенти на земјите-членки, што може да трае околу една година.

НАТО Самит 2018 покана потпишување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

ВЕСТИ August 24, 2025

Санкт Петербург и Ленинградската област вчера беа цел на напади со беспилотни летала, што предизвика…

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.