Македонија е на дното од земјите на Балканот, но и во Европа според нивото на толеранција и почитување на правата на ЛГБТ заедницата.
Пред Македонија, потолерантни држави се Косово, Србија, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Кипар.
Кај нас, според белгиската невладина орагнизација ИЛГА, има само 13 проценти толеранција кон ЛГБТ заедницата. На врвот на скалата е Обединетото Кралство, следат Белгија, Норвешка, Шведска, Шпанија и Португалија, каде што толеранцијата е околу 60 проценти.