Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија една изборна единица, без изборен праг, се менуваат изборните правила

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 22, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, ја отвори парламентарната расправа за предлог измените на Изборниот законик, со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица, со пропорционален изборен модел, без изборен праг и со Донтов начин на пресметка на бројот на пратеници.

  Расправата почна по една година од поднесувањето на предлог законот, за кој има огромен интерес од јавноста и поддршка од над 60% од граѓаните.

Во расправата учествуваа голем број пратеници, меѓу кои и предлагачот на законот, Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз:

„Со измените на изборните правила ќе се демократизира државата, ќе се создадат услови за системски промени, со кои ќе се зајакне одговорноста на носителите на јавни функции, ќе се изгради ефикасен систем за борба против организираниот криминал и во носењето на круцијални одлуки ќе бидат вклучени повеќе партии и со тоа ќе биде поголемо влијанието на граѓаните“.

Според Трајанов, составот на парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните, помалите етнички заедници ќе бидат застапени во парламентот и ќе се демонтира еднопартискиот начин на владеење.

– Со измените ќе започне процес на демонтажа на монополот на „големите” партии, кои донесоа изборни правила за „елиминација” од политичката сцена на помалите или новоформираните политички партии, а со тоа и плурализмот во Македонија. Со овие измени само се започнуваат промените. Инаку потребни се коренити реформи, се со цел да се изградат услови за рамноправен политички натпревар и можност граѓаните да имаат избор на кого ќе му ја дадат довербата, рече Трајанов.

Измените не фаворизираат ниту една политичка партија по било која основа, туку напротив, секој пратеник ќе има иста тежина, нема да има можност од шестата изборна единица да се станува пратеник со 6.700 гласа, а во третата со 9.500 гласа.

– Со измените на Изборниот законик, не се предвидува изборен праг, но по јавната дискусија, како предлагачи подготвени сме за прифаќање на амандмани кои се во функција на подобрување на изборниот процес, вели Трајанов.

Инаку, изборите се најманипулативното средство на демократијата, затоа е клучно изборните правила дa бидат гарант за фер и демократски избори.

По расправата, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, даде виза за натамошна постапка, со предлог, Парламентот да организира јавна дискусија во која ќе можат да се вклучат сите партии, невладиниот сектор, медиумите и сите други кои имаат интерес, како и ЕУ, ОБСЕ, ОДХР и други.

Трајанов очекува низ расправата разликите да се надминат и измените на законот да се донесат со консензус и огромно мнозинство од пратениците.

Демократскиот сојуз Павле Трајанов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.