Македонија заедно со 37 други држави од светот е потписник на заедничката изјава за Сирија. Во изјавата услогласена на Самитот на групата Г 20 одржан во Санкт Петербург, се осудува режимот на Асад и употребата на хемиско вооружување во предградието на Дамакс на 21 август годинава.
Во оваа заедничка изјава се повикува на силен меѓународен одговор на ваквите постапки на режимот на Асад. Изјавата експлицитно ги подржува напорите на САД и други држави да ја присилат забраната на употребата на хемиското вооружување.
Заедничката изјава на маргините на Самитот на Г 2о беше усогласена од Австралија, Канада, Велика Британија. САД, Данска, Јужна Кореа, Јапнија, Италија, Франција и Саудиска Арабија.
http://www.whitehouse.gov/the-press-office/2013/09/06/joint-statement-syria
Македонија и Сирија воспоставија дипломатски односи во септември 2010 по што Сирија стана 129та држава која официјално го призна уставното име на Македонија.
Иницијативата за воспоставување на дипломатски врски со официјален Дамаск беше покрената во април 2007 година, за време на официјалната посета на Сирија од страна на министерот Милошоски.




