Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија и бенефитите од ЕП во Полска

0
By Нова ТВ on October 12, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коментар на НОВАТВ

Една млада репрезентација, конечно, да ја фати „мајата“ и направи успех што ќе биде како бунар за црпење надежи за „подобро утре“

 

Македонскиот фудбал се најде во долгоочекуваната пол-позиција. Една млада репрезентација да ја фати „мајата“ и направи успех што ќе биде како бунар за црпење надежи за „подобро утре“. Пласманот на младата репрезентација на Европското првенство во 2017 година е токму тоа и значи огромна придобивка за иднината на А тимот на чиј праг стојат половина од составот што испиша историја.

Летвичката на вредности е подигната на респектибилно ниво и спуштање под тоа не смее да се дозволи од аспект на играта и залагањето на терен. Пристапот мора да остане ист и во натпреварите да се влегува со мисла како да се победи наместо да не се загуби. Со таков микс, во најмала рака, ќе се дофати континуитет на конкурентност наместо набрзина да се излегува од игра.

Односите со „среќата“ што знаеше да биде чест изговор досега треба да се стават „под мраз“. Младите репрезентативци во изминатите девет средби покажаа дека можат против секого и секаде што го стеснува просторот за ложење на неа. Единствено прифатлива улога на фортуната е при ждрепка. Во случај да нè „погали“ за квалификациските групи за наредното ЕП, сениорско се разбира, тогаш за очекување е бум во 2020 година. Ако не, како пик останува мундијалот во Катар две години подоцна со составот со кој ќе пулсира цела нација наредното лето.

Зошто велиме дека македонскиот фудбал е во пол-позиција? – Затоа што оваа генерација на фудбалери е со рок на траење најмалку 10 години што во превод значи шест циклуси, по три за европски и светски првенства. Се разбира, ако играчите ги послужи здравје, ги заобиколат повреди што би значеле забавување во развојот и кариерите што директно би се одразило на националниот тим. Тоа, секако, никој не го посакува.

Вториот момент е директно поврзан со европското првенство во Полска. Самиот пласман е огромен успех, секој резултат ќе биде само бонус. Меѓутоа суштината, во позадина, лежи во самото присуство на турнирот што по традиција важи за саем на играчи. Настанот е магнет за инсталирање на штандови на сите клубови со статус на гиганти на континентот од Рејкјавик до Истанбул и од Астана до Лисабон.

14699780_1770186579911537_1960060741_n

Мечевите, по правило, ги следат бројни менаџери што работат за најмоќните фудбалски семејства. Па, секоја евентуална препорака на производ „со сонценце“ што би завршила во форма на и-мејл или смс кај, можеби, Мурињо, Клоп, Енрике, Симеоне, Анчелоти ќе биде рамна на бинго. За поединецот од финансиски аспект и услови за натамошен напредок што би било огромен плус и за репрезентацијата за која се секогаш добредојдени одлично сервисирани играчи од клупските средини.

Третиот момент е европскиот фокус во потрага по фудбалски материјал или свежа крв, како сакате, на овие 25,713 квадратни километри. Пласманот на ЕП 2017 се претпоставува дека ќе биде мамка за почеста посета на скаути на македонскиот пазар и пројавување на интерес за понудата, за воспоставување на поблиски релации со овдешните клубови, за запознавање во живо со кадровските потенцијали. Секое поклопување со побарувачката ќе биде додатен импулс за останатите во исчекување на своите пет минути.

Македонија ќе биде во Полска на лето. Сцената ќе биде младинска, но скелето на кое ќе стои е со сениорски темели. Шансата што нуди фудбалска перспектива мора да искористи. Иако се уште под силни импресии од вторникот, јавноста со нетрпение ја очекува ждрепката во ноември. За настапот на ЕП не треба да се трошат зборови.

Дотогаш често ќе се навраќаме на две евергрин изјави од дамнешно и поново време. Првата излезе од устата на маршалот Тито што повозрасните граѓани ја паметат како „оче наш“ и гласи „земја што има ваква младина, не треба да се грижи за својата иднина“ и во случајот е во фудбалски контекст. Втората е онаа легендарна „Леле луѓе што направивме“ на Влатко Илиевски по одличниот пласман на кошаркарите на Европското првенство во Литванија.

Младите фудбалски репрезентативци треба да добијат силна порака за поддршка на стореното и за она што ќе следува. Најдобро се илустрира низ онаа заштитната на навивачите на Ливерпул – „You will never walk alone“ што кога ќе грмне од популарниот Коп на „Енфилд“ човек го обземаат морници. Потоа се очекува менување на курсот од младинска кон сениорска насока со надеж дека во скора иднина ќе може да се слушне и македонско „хук“ налик на симпатичното исландско, хитот на Европскиот шампионат во јуни и јули оваа година.

Европско Првенство 2017 млада фудбалска репрезентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.