Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија и САД одбележуваат 30 години соработка меѓу нашата Армија и Националната гарда на Вермонт

0
By Соња Крамарска on June 9, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Берлингтон, Вермонт, во присуство на министерката за одбрана Славјанка
Петровска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски,
гувернерот на сојузната држава Вермонт, Фил Скот и командантот на Националната
гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, свечено се одбележа 30-годишнината
од партнерството помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната
гарда на Вермонт.
„Гледајќи наназад, во изминатите три децении, се потсетуваме на безброј поединци
кои се посветија на оваа соработка со својата стручност и експертиза. Се восхитувам
на визионерите, одлучноста и силната верба во ова партнерство, кое станува уште
посилно. Пред неколку децении се боревме со внатрешни кризи. Денеска сме земја
членка на НАТО. Пред неколку години баравме итна помош. Денес Северна
Македонија повеќе не е дел од проблемот, таа е дел од решението. Преку ова
партнерство градиме сопствени национални капацитети, ги подобруваме нашите
процедури, ја модернизираме нашата Армија, но најважното е што изградивме многу
силно пријателство“, рече министерката Петровска пред присутните на свечениот
прием по повод 30-годишниот јубилеј.
Началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски порача дека изминатите
3 децении беа одбележани со одлична соработка, меѓусебно разбирање и размена на
идеи и искуства. Националната гарда на Вермонт, порача генералот Ѓурчиновски, е
повеќе од партнер на Армијата.
На свеченоста се обрати и командантот на Националната гарда на Вермонт,
генералот Грегори Најт кој истакна дека најважниот дел од партнерството се пријателствата и
дека со нетрпение ги очекува следните 30 – години во кои ова партнерство ќе го
достигне својот целосен потенцијал.
Во текот на вчерашниот ден, Петровска ја посети и воздухопловната база на
националната гарда на Вермонт, како и Оперативниот центар за итни случаи на
Вермонт, каде оствари средба со директорката на центарот, Ерика Борнеман.
Во текот на денот ќе биде одржана свечена церемонија и прием од страна на
гувернерот на сојузната држава Вермонт, Фил Скот, каде со министерката Петровска
ќе потпишат заедничка изјава за 30 годишното партнерство. Воедно, Петровска ќе го
посети и воениот универзитет „Норвич“ која е најстарата приватна воена академија во
САД и каде македонските питомци имаа шанса да го надградат своето знаење. Во
„Норвич“, Петровска ќе оствари средба со претседателот на универзитетот, генерал
мајор Марк Анарумо, со кого ќе биде разгледана можноста за продолжување на
соработка. Петровска ќе го посети и сквадронот за сајбер операции и баталјонот за
информатички операции.

30 годишен јубилеј Армија на Република Северна Македонија Национална гарда на Вермонт Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.