Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија и САД со уште поинтензивна одбранбена соработка

0
By НОВА ТВ on July 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија како членка на НАТО има важна улога за безбедноста во регионот. Направен е исклучителен прогрес и денеска земјата е полноправна членка на Алијансата која годинава ќе постигне целосна воена интеграција во структурите на НАТО. Тоа во денешниот телефонски разговор го заклучија министерката за одбрана Радмила Шекериска и потсекретарот за одбрана на САД за политички прашања Колин Кал.

Шекеринска, како што соопшти Министерството за одбрана, во разговорот истакна дека Северна Македонија е целосно посветена на вредностите на Алијансата и дека несомнен пример за тоа е учеството на припадниците на Армијата во мисиите на НАТО.

Таа порача дека капацитетите на Армијата се и капацитети на НАТО – армискиот полигон „Криволак“ кој континуирано се развива со поддршка на САД, годинава беше домаќин на македонски-американската вежба „Одлучен удар“ и доби високи оценки од сојузниците за можностите кои ги нуди за реално извежбување и развој на интероперабилноста помеѓу земјите-членки.

Министерката рече дека приоритет останува стабилниот раст на одбранбениот буџет, реализацијата на отпочнатиот процес на модернизација, како и одржувањето на интензивниот процес на тренинг и извежбување и дополни дека Министерството направи големи чекори напред во однос на градењето интегритет и транспарентноста, споменувајќи дека одбраната е најтранспарентната институција во државата две години по ред, а годинава и со скор од 100 проценти исполнетост на критериумите.

Потсекретарот за одбрана Кал, изразил поддршка за реформските процеси и процесот на модернизација на Армијата и порачал дека САД продолжуваат да бидат наш искрен и верен сојузник и партнер во развојот на одбраната.

Македонија НАТО САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.