Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија има “патоказ” за враќање на позитивната препорака оваа есен

0
By Светлана Јовановска on June 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 26, 2017 16:34

Европската комисија (ЕК) сака да ни даде позитивна препорака но потребен е напредок во Итните реформски приоритети или реформите на Прибе, изјави денес комесарот за проширување Јоханес Хан.

Тој денес е во Скопје. Се сретна со премиерот Зоран Заев а потоа присуствуваше на тематската седница посветена на итните реформски приоритети за ЕУ интеграцијата.

Како што беше најавено, на оваа владина седница беше прецизиран документ за реформите што треба итно да се спроведат за да може ЕК до декември да ни ја врати безусловната препорака за почеток на преговори за членство со ЕУ.

Хан рече дека е “среќен што гледам демократска транзиција и посветеност на новата влада на реформите; ЕУ е подготвена да ја поддржи земјата за спроведувањето на итните реформски приоритети и нејзино враќање на патот на евроатлантските интеграции“.

Заев изјави дека во документот наречен “Патоказ” се вклучени владеењето на правото, слободата на медиумите, Рамковниот договор и извештајот на Прибе. Овој документ треба да биде готов до 1. јули а потоа ќе биде споделен со јавноста.

Присуството на Хан на седницата на Владата, рече Заев, е силен сигнал дека европските перспективи државата  се реалност на дофат а владата има цел да ЕУ да ја отстрани условеноста на препораката за почеток на преговорите.

Заев уште еднаш ја повика опозицијата на конструктивна соработка за да може земјата да напредува кон ЕУ и НАТО а таа соработка е потребна и за законот за јазиците.

– Доколку дејстуваме заедно успехот ќе биде заеднички и загарантиран, рече Заев.

Сличен став има и Хан. Тој порача дека е важно земјата да се сконцентрира на задачите што престојат а сите одговорни актери во општеството мора да се фокусираат на она што е важно и држава што ќе работи во интерес на сите граѓани. Сите лидери на политичките партии застапени во Парламентот, како што истакна, треба да имаат критична и конструктивна улога, а политичката дебата да се одвива во Собранието.

Хан порача дека е исклучително важно да се работи на реформската агенда која уште утре ќе биде потпомогната од експерти од ЕУ кога во земјата пристигнува експертот на ЕК Рајнхард Прибе со неговиот тем. Тој истакна дека исполнувањето на итните реформски приоритети нема цел да ги задоволи земјите членки на ЕУ, туку да го подобри животот на граѓаните во Македонија.

За Хан е важно што премиерот и шефот на дипломатијата Никола Димитров ги посетиле Грција и Бугарија со пораки за воспоставување на пријателски односи со нив. Овие чекори се од суштинска важност за да се воспостават добрососедски односи, смета Хан.

Премиерот очекува следната година земјите членки да се фокусираат на дискусија за влез на Македонија во ЕУ.

За спорот со името премиерот е уверен во градењето на пријателска атмосфера и доверба со што ќе се создадат минимум услови да се разговара отворено за прашањето.

Хан пак истакна дека тоа е прашање на кое треба да работат двете земји, а во интерес на Европската комисија е да дојдат во фаза на Македонија да и дадат позитивна препорака и тоа е поврзано со потребниот напредок во спроведување на итните реформски приоритети.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.