Отстранувањето на 42 пратеници од Парламентот во Скопје на 24 декември 2102 е јасен израз на длабоки проблеми со демократијата генерално, како и со функционирањето на парламентарната демократија во таа земја, се вели во предлог резолуцијата упатена до Асемблејата на Советот на Европа потпишана од група парламентарци од различни европски држави како и од различни политички провиниенции.

“Парламентарното Собрание се повикува да утрврди што доведе до овие случувања, зошто тензиите и конфликтите не можат да бидат разрешени по демократски пат и што треба да се превземе за да се надмине проблемот со цел да се поправи и зајакне демократијата во поранешната Југословенска Република Македонија” се вели во предлог резолуцијата потпишана од група пратеници од Советот на Европа.

Интегралниот текст на предлог резолуцијата можете да го прочитате тука.