Македонија доби европски вицешампион во карате. Бојан Костов се закити со сребрен медал во категоријата до 52 килограма (пријавени 38 натпреварувачи) на континенталното првенство за младинци, кадети и јуниори што се одржува во Алборг, Данска. Во борбата за злато, тој загуби од Ахмед Ахмедов од Русија со 0:8.
На пат до финалето кадетот Костов нанижа четири победи. Пред неговите налети паднаа Холанѓанецот Себастијан ван Тефелен (3:1), Словачкот Јакуб Цернички (2:0), Италијанецот Матеа Бустеми (1:0) и Германецот Мухамед Eздемир (0:0).
Утрешниот ден (сабота) е резервиран за пресметките во јуниорска конкуренција, а за недела се планирани настапи на младинците.
За шампионатот во Данска се пријавени вкупно 1.092 каратисти од 51 земја.