Македонија ја издаде третата еврообврзница и се задолжи со дополнителни 500 милиони евра. Каматната стапка за враќање на позајмените средства ќе биде 3,97 проценти на годишно ниво со рок на отплата од 7 години.
– Побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница беше во износ од околу 1,2 милиони евра, односно двојно повисока од понудата. Тоа овозможи да се постигне стапка на принос од 4,25 отсто, односно каматна стапка од 3,97 отсто на годишно ниво. Тоа е историски најниска каматна стапка по која Македонија има издадено обврзница на меѓународниот пазар на капитал, соопштуваат од Министерството за финансии.
Ова е трета обврзница по ред што се издава во земјава. Првата еврообврзница се емитуваше во 2005, на износ од 150 милиони евра. Тогаш каматата изнесуваше 4,6 отсто. Таа ќе достаса за враќање следната година.
Втората еврообврзница беше издадена во јуни 2009 година, на сума од 175 милиони евра. Тогаш каматата изнесуваше 9,8 отсто годишно. Оваа еврообрзница беше отплатена во јануари минатата година.
Во 2010 година, владата имаше неуспешен обид за издавање на еврообврзница. Откако пазарот се скенираше владата подоцна се повлече од идејата за издавање на еврообврзница.
Различни се информациите за што ќе се трошат парите од оваа еврообврзница, претставници, но најверојатно е дека покрај доспеаните обврски кон странство со парите ќе се покрива и буџетскиот дефицит.



