Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија калкулира, Србија чека да се повлече одлуката

0
By Нова ТВ on August 19, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 19, 2013 19:13

Нема одговор од Министерството за земјоделство дали ќе ја повлече одлуката со која се ограничува увозот на пченица и брашно. Нема никаква потврда и дали Србија започна да го отежнува увозот на македонските производи за време на викендот како што најавија српските медиуми во петокот.

-Нема најава за такво нешто, се следи состојбата на пазарот беше одговорот што НОВА успеа да го добие од Службата за односи со јавноста во ресорното Министерство денеска.

По ова побаравме објаснување што значи тоа дека се следи домашниот пазар, на кој начин и со која цел се следи состојбата.

Одговорот кој следуваше подоцна го добивме преку сооштение кое беше испратено до сите медиуми. Во него се вели дека досега се откупени 82 проценти од пченицата или 120 000 тони од планирана количина на домашна пченица, која се движи во границите на откуп од претходните жетви.

Во ресорното Министерство велат дека будно ги следат активностите со откупот на домашната пченица и се обидуваат да ја забрзаат динамиката на откупот.

-Секојднево сме во комуникација со сите фактори вклучени во процесот на откупот, со производителите на пченица и мелничко пекарскиот сектор, преку кои се следи количината на откупена пченица и состојбите на теренот. Тимови од Државниот инспекторат за земјоделство секодневно доставуваат теренски податоци за откупот на домашната пченица се вели во соопштението.

Министертвото апелира сите инволвирани страни да се фокусираат да се забрза откупот на пченицата што сеуште не е откупена, за да се заштитат на интересите на индивидуалните земјоделски производители на пченица, како и интересите на домашните компании од мелничко-пекарскиот сектор и стабилизирање на домашниот пазар со пченица и брашно.Токму оставарувањето на овие цели е приоритет кој е во интерес на Македонија и македонското земјодество се вели на крајот од ова соопштение.

И додека Министерството за земјоделство калкулира и се обидува математички да најде формула со која ќе дојде до замислената цел, српската страна станува нестрплива и бара министерот Љупчо Димовски да го одржи ветувањето дадено на 10 јули, кога со српскиот потпретседател на владата Расим Љајиќ се договориле одлуката да биде укината.

Изминатите денови Љајиќ изрази очекување дека нема да има потреба од воведување на контра мерки и дека Македонија ќе ја повлече одлуката со која се ограничува увозот на пченицата.

-Цефта од Македонија бара да ја повлече одлуката со која се крши спогодбата за слободна трговија и јас искрено се надевам дека тоа ќе се случи во најскоро време изјави Љајиќ (16.082013) во интервју за Нови Магазин.

Инаку, проблемот настана кога Мaкедонија одлучи увозот на брашно и пченица да го поврзе со купување на домашно брашно и пченица, односно за килограм пченица од увоз од сите земји, па и од Србија македонските увозници мора да купат три килограми домашна пченица, а за увоз на килограм брашно, четири килограми брашно од домашно производство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.