Published: Wednesday, June 15, 2016 11:58
Советот за надворешни работи на ЕУ на седницата закажана за 20 јуни во Луксембург, ќе расправа за состојбата во Македонија.
Министрите за надворешни работи на земјите членки ќе расправаат за земјава по предлог на Германија и Велика Британија. Тие треба да дадат препорака во вид на заклучок за ситуацијата во Македонија.
Во Советот уште нема консензус за прашањето за воведување на санкции кон одредени политичари од Македонија поради политичката криза.




