Глобалниот мировен индекс за 2015 година ја рангира Македонија на 71.место од земјите во светот. Се работи за рангирање кое што секоја година го составува Институтот за економија и мир со седиште во Австралија и САД.
Пред Македонија, во регионот се Косово, БиХ и Албанија. Косово е на 69 место, Албанија, на 52 место, Босна и Херцеговина на 53 место, Србија е на 46 место, Хрватска на 27, Бугарија на 32 место, Грција е на 61 место, Црна Гора на 57 место, а Словенија на 15 место.
Мирот се оценува во 162 земји во светот врз основа на 23 индикатори меѓу кои, граѓански немири, криминал и воени трошоци, до вмешаност во воени судири и односите со соседите.
Дури 15 од 20 водечки земји според Индексот на мир се од европскиот континент.
Трите најмирни земји во светот се Исланд, Данска и Австралија. Потоа следуваат Нов Зеланд, Швајцарија, Финска, Канада, Австралија, Јапонија, а на десетто место е Чешка.
Сирија е сé уште на дното на листата, а пред неа се Ирак и Авганистан. Соединетите американски држави се на 94-то место, Кина на 124, а Русија на 152 место.
Во анализата се наведува дека постојат сé поголеми разлики во индексот на мир меѓу богатите европски земјки и сиромашните земји во Африка и на Блискиот исток, во коишто има граѓански војни и постојана бегалска криза, што доведува се поголеми поделби во светот по тој критериум.




