НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија не е Бергамо, а „Бергамо“ е веќе тука, со нас

0
By Менче Атанасова Точи on November 17, 2020 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обезбедуваме кревети и кадар, но оди сé потешко. Сé повеќе се исцрпуваат капацитетите. Доколку продолжи ситуацијата вака, ќе запре целиот здравствен систем  и за првпат во историјата ќе лекува само една болест. Оваа драматична порака на министерот за здравство Венко Филипче доаѓа само две недели од последното мое интервју со него кога го прашав „Дали на нас ни се случува Бергамо?“ Тогаш самоуверено ми рече, не.

И почна да елаборира како  Италија дозволила да се преполнат болничките капацитети, немало место во интензивните неги и луѓе умирале пред болниците. На нас тоа не можело да ни се случи. Значи, Италија која е 63 години во ЕУ и е една од  економски најнапредните земји со многу висок животен стандард, според министерот- немала доволно болнички капацитети. А, ние имаме!

Точно е, првиот бран ги фати неподготвени како и секаде, но споредбата е несоодветна.  И повторно го прашав„ Но, што ако се случи да се преполнат болниците, ако ни се случи Бергамо? “Секако, мислев на подготвеност на капацитетите за црното сценарио на кое не подготвуваа од оваа пролет. И повторно истиот одговор, со тон да се почуствувам засрамено.

Вечерта беше издадена наредба, а веќе утредента се мобилизираа Клиниките за нефрологија, кожна, гастро, неврологија и станаа Ковид центар. Сега и Очна и Ушна се адаптираат за пациенти со Ковид, се подготвуваат и дел од Кардиологија и Хируршките клиники.

Ситуацијата е навистина драматична. Борба е да се дојде до болнички кревет. Се бараат ургенции. Кој нема „врски“, тешко е за него.

Во“8 Септември“ по стотина прегледи во тријажната амбуланта. Не можат да ги примат сите, иако меѓу нив има многу тешко болни со висока температура, со тешко дишење, исплашени.  Се е полно. Сега капацитетот е 100 болнички кревети и толку. Болницата се стави на располагање и за другите пациенти, лекарите бараат да прегледуваат, хирурзите да оперираат. И клиниките кои се сега Ковид центар се скоро полни.На Инфективна клиника нема места, полна е и модуларната болница. Персоналот, пожртвуван ама и нервозен, од притисокот.

А, луѓе умираат. И ќе умираат се повеќе! Вирусот е непредвидлив и распространет секаде околу нас.

Нема нови вонредни мерки за да се спречи ширењето на вирусот. Европа се затвора на месец, два. Балканот е буре барут, пуштено да експлодира.

Министерот Филипче со последната изјава дека“оди се потешко“, веќе не порачува дека се е под контрола. И не е под контрола. Луѓето не почитуваат мерки, шетаат заболени, надлежните не ја земаат контролата во свои раце.

Ова лето беше топло и пријатно. Само за шетање. Најголем дел од луѓето седевме дома и ги почитувавме мерките. Не отидовме на одмор како голем дел од политичарите. Не измачуваше помислата за новиот бран на есен, за црното сценарио кое министерот Филипче го спомнуваше на секоја прес конференција.

И да, Министерството за здравство имаше време цело лето да ги организира болниците за овој есенски бран. Но, не го стори тоа. Сега кога вирусот убива по 40 луѓе на ден се бараат капацитети, се става довод на кислород, се бараат кревети.

Во ек на вака силен бран со вирусот цела есен се реновираат интерните клиники, а по ходници им паѓа малтер на пациентите на глава. Да, се реновира таму каде што е сега Ковид центарот. Малтер, боја, мајстори се на едно место и црвена и зелена зона каде да се движат болните со Ковид! Каква иронија.

Нема ништо и од најавата дека армијата ќе помага и ќе ги чува здравствените установи. Сакам да замолам да постават некого на влез во Клинички центар, да ги упатуваат пациентите со Ковид за да не лутаат. За да не им врескаат докторите кога ненамерно поминале од една во друга зона и да не стават во ризик и други пациенти. Болниот не гледа ништо, а најмалку жолти или црвени зони, важно му е само што побргу да стигне до лекар!

Инфективната клиника е комплетно опремена со донации. Им благодариме на странските донатори и за креветите.  Да не беа тие, пациентите ќе лежеа на подот сега!

Ковид центарот на Интерните клиники нема топла вода. За каква хигиена за болните зборуваме? Нели најважна е хигиената, дезинфекција, маска и дистанца?

Една медицинска сестра рече “Па што сакаат пациентите, ова е Македонија“. Да, Македонија е! И благодарам што го кажа тоа- дека во Македонија е нормално болните неизбањати, неизмиени и засмрдени да лежат таму со недели. И да  „цветаат“ бактерии.

Болниците во внатрешноста немаат доволно медицински кадар. Директорите се длабоко загрижени, се трошат ресурсите, сите се уморни, исцрпени. И не научени на ваков напор! Стигнуваат ли на секого да му дадат се што му е неопходно, кислород, вода, утеха?

Зошто повторно нема термини за тестирање преку матичен лекар и се чека на резултат и по три дена, иако кажаа дека има дополнителни тестови и повеќе слободни термини?

Но, има некој кој радосно ги трие рацете во цела оваа ситуација. Профитираа приватните болници и лаборатории. Таму, предвреме уште на влез на пациентите со Ковид им бараат да платат 14 000-15 000 евра. И болни и уценети! Семејствата собираат пари преку социјалните мрежи. Им гарантираат ли таму излекување и спас пред да им ги наплатат тие астрономски суми? Пред да ги остават на колена, без ништо. А, секој се надева на спас. И тој што има и тој што нема, сиромавиот!

Профитираа приватните лаборатории со над шест милиони евра со скапите тестови за Ковид . Нехумано и нечовечно, не само од нив туку и од министерот кој им дозволи да влезат во мрежата за тестирање бидејќи како што рече „немаме доволно капацитети во јавно здравство“ и да заработуваат на сметка на граѓаните.

Ниту една држава во свет не дозволи богатење на приватните болници за време на вонредната состојба и пандемијата со коронавирус која го покоси народот.

Зошто не се мобилизираат и приватните болници за да примаат пациенти со Ковид со исти фондовски цени како во јавното здравство? Зошто целото јавно здравство да се става во служба само на пациентите со Ковид? Што ќе се случува со останатите, каде тие да се лекуваат?

Ќе се вклучат ли конечно компаниите таму каде што е најпотребно со нови возила, инвалидски колички, кревети, бојлери за топла вода?

И за вакцините за грип ги изиграа граѓаните. Ги снема за неколку часа. Нема ниту да се купат, ниту да се закаже преку матичен лекар. Извисија хронично болните и старите лица. Отчет мора да има-каде исчезнаа вакцините кои беа наменети за хроничните болни и старите лица.

Некој ќе рече, се сеќаваш ли какво беше здравството во изминатите 10 години. Да, се сеќавам, ама гледам какво е и сега.

Корона кризата ги извади на површина сите недостатоци кои за воља на вистината имаше време да се средат во изминатите три години. Ама, требаше да се работи, скромно без популизам со кој се затруени граѓаните.

Ех, Бергамо, Бергамо! Ние сме биле попаметни и подобро организирани од вас Италијанците и со повеќе болнички капацитети, а не сме знаеле. Навистина, Македонија не е Бергамо и не може да биде, ниту на културен, ниту на економски план. Ама ураганот „Бергамо“ е веќе тука, со нас. И неговиот удар, веќе го чувствуваме. Капацитетите се исцрпуваат, оди се потешко.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

ВЕСТИ August 1, 2025

Најмалку 28 лица се убиени во вчерашните руски напади во Киев, според ново ажурирање од…

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Хамас објави видео од израелски заложник

August 1, 2025

Вашингтон: САД воведоа санкции врз преставници на Палестинската самоуправа и ПЛО

July 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.