Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија од денеска на иста маса со земјите членки на НАТО

0
By Нова ТВ on February 6, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 6, 2019 11:28

Претставниците на 29 членки на НАТО денеска во Брисел го потпишаа Протоколот за членство на Македонија во Алијансата, со што нашите претставници седнуваат на заедничка маса со полноправните членки.

-Ова е почеток на ратификацискиот процес и се надевам дека тој ќе продолжи течно и ќе можеме да ве поканиме за полноправна членка на НАТО. Вие ќе продолжите со реформите, а НАТО ќе дава поддршка и  помош. Од денеска вашите претставници ќе се придружат на оваа маса и ќе бидат поканети на НАТО состаноците, рече Столтенберг.

Откако сите сојузници ќе го ратификуваат Протоколот, Скопје ќе стане 30-тиот член на Алијансата. Членството ќе ви даде седиште во Северноатлантскиот совет. Ќе имате еднаков глас во обликувањето на одлуките што ги носиме како сојузници. Од денес, вашата земја ќе учествува на состаноците на НАТО. Со нетрпение го очекуваме добредојде на министерот за одбрана Радмила Шекеринска уште наредната недела. И да го поканиме премиерот Заев на лидерскиот состанок во Лондон во декември, нагласи генералниот секретар на Алијансата.

Тој даде и краток осврт на целиот процес на преговорите, при што истакна дека тој е резултат на храброста на премиерите Цирас и Заев.

-Ова беше долг пат. Со ова го исполнуваме ветувањето од првиот парламентарен состав, ова е резултат на целокупната работа на многу генерации и обврска на нашата. Ова не беше ни приближно предвидливо, туку се случи поради лидерството на премиерот Зоран Заев и Алексис Ципрас кои го поплочија патот кон оваа цел и помирување и докажаа дека  и невозможното е можно. Исто така признание и до премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов за охрварувањето со потпишувањето на Спогодата за пријателство за да се движшиме во овој правец, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров во уводниот говор.

Тој објасни дека за Македонија, НАТО е „преминување на линијата на безбеонст и сигурност и тоа е семејство на држави за безбедност, стабилност, вредности од Вашингтонскиот договор и семејство кое тежнее да го направи светот помирен и подобро место за живеење.

-Ова патување не направи позрели и со скорешните настани со нашите соседи покажавме дека можеме да ја презмеме нашата одговорност да се соочиме со проблемот и да го решиме. Патувањето не е завршено, но одиме натаму со 29 сојузници и пријатели, рече Димитров.

Протоколот сега патува за Атина каде според најавите за него Парламентот ќе гласа в петок.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.