Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија останува единствена земја со два мобилни оператори

0
By Сашка Цветковска on December 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 22, 2016 19:49

Големите оператори немаат интерес за влез во земјава, со што Македонија засега останува единствена држава во регионот со само два мобилни оператори (Телеком и Вип.Оне) откако државата пред речиси две години дозволи спојување на операторите во една, односно две компании. (се споија Вип и Оне и Телеком и Т-Мобиле).

Ова меѓу редови го соопши директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Сашо Димитријоски, којшто најави дека имало интерес само од два виртуелни оператори.

Дали ќе има трет фиксен оператор во 2017 година зависи од оценката на операторите по светот дали ќе најдат бизнис интерес за да инвестираат тука. Она што ние го правевме и ќе го правиме е да ослободиме фреквентен спектар. Тоа е основниот услов за да може евентуално заинтересиран оператор да се пријави на тендерот кој ќе биде објавен за продавање на тие спектри, изјави Димитријоски пред почетокот на Вториот јавен состанок на АЕК во 2016 година.

Во Македонија веќе влезе  виртуелен оператор, Лајкамобалј, кој дојде како обврска на Оне и Вип за да им биде дозволено спојувањето. Лајкамобајл требаше да ја размрда конкурентноста и да продава картички со припејд броеви за национални и интернационлни разговори и припејд интернет со цени пониски од оние на главните оператори. Според  изјавите на директорот, Лајкамобалј успеала да освои само  0,37 проценти од пазарот на оператори.

Директорот на АЕК денеска смируваше дека виртуелните оператори ќе ја надоместат конкуренција, а тврдеше и дека цените останале исти, а на социјалните мрежи се зборувале невистини дека услугите на Т-Мобајл и Вип.Оне се влошиле.

Не би се согласил со оценките на социјалните мрежи дека услугата или сервисот на операторите е влошена, напротив оди во нагорно ниво. И двата оператора ги подобрија услугите, а ситуацијата со цените се стабилизира. Во изминатиот период операторите увидоа дека цврсто стоиме на нашата намера да ги следиме  цените кои ќе бидат понудени од нивна страна. Се прават секојдневни детални анализи и мислам дека трендот на зголемување на цените е стабилизиран. Сепак, има појави на понуда на пакети во кои се исклучени некои дополнителни бонуси кои претходно ги имало што значи дека немаме директно зголемување на цените, туку суптилни промени кои на крајот условно доведуваат до констатација дека некои услуги се поскапени, вели Димитријоски.

Во јуни годинава Димитријоски имаше сосема друга оценка за цените и услугите на овие две компании по нивното спојување и рече дека спојувањето довело до пораст на цените, по што компаниите се обидоа да го демантираат.

„Цените во мобилната телефонија се зголемени за 15 проценти, а на мобилниот интернет за речиси 20 проценти. Нашата задача е да обезбедиме погодна средина за оператори. Испративме повеќе од 70 дописи. Самиот пазар ќе каже дали има интерес да влезат новите оператори, но ние сметаме дека постојат добри услови“, рече Димитријоски во јуни годинава.

Неговиот претходник, Роберт Ордановски, тврдеше дека со спојувањето на овие компании нема да пораснат цените. Дозвола за спојување даде и Комисијата за заштита од конкуренција, која исто така дојде до заклучок дека овие спојувања нема да влијаат на конуренцијата и на цените. НОВАТВ повеќе од шест месеци чека одговори од Комисијата во врска со нивната проценка да дозволат Македонија да биде единствена земја со два мобилни оператори и со највисоки цени во регионот.

 

 

Поврзани стории

Лајкамобајл под истраги за перење пари во Париз

 

АЕАК Вип.Оне Лајкамобајл Т-Мобиле
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.