Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија паѓа од скалата на индексот за мир

0
By Нова ТВ on June 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија во најновиот Глобален индекс на мирот што е објавен денеска е рангирана на последното место во регионот, а заедно со Турција ги дели последните две места во Европа.

Македонија го зазеде 79 место што е за 11 места подолу од лани. Станува збор за анализа на Институтот за економија и мир со која се рангираат земјите според нивниот мир и со која се идентификуваат потенцијалните детерминанти на мирот.

Исланд го зачува статусот на најмирна земја, додека на дното на списокот е Авганистан.

Во образложението се наведува дека Македонија страдаше од лошите односи со нејзините соседи, во облик на, како што се вели, територијален спор со Грција и обвинувањата од Бугарија дека Македонија бара соодветен дел од бугарската историја. Тоа ги водеше шефовите на дипломатии на двете земји да го одложат одредувањето датум за отворање преговори за влез на Македонија во Европската унија, јавува Радио Слободна Европа.

Внатрешните тензии меѓу етничките Македонци и етничките Албанци остануваат проблематични, иако е малку веројатно дека е можно враќање на меѓуетнички вооружен конфликт во земјата, се наведува во образложението на анализата.

Во Глобалниот индекс кој е составен од индикатори кои го мерат отсуството на насилство во општеството се земаат предвид и надворешните и внатрешните фактори, во него се опфатени 162 земји или 99 насто од светската популација.

Според годинашиот Глобален индекс, најдобро пласирана во регионот, односно на 28 место е Хрватска, Србија на 62, Босна и Херцеговина на 71, по што следат Косово и Црна Гора.
Европа го задржа рејтингот на најмирен регион, а 13 европски земји се најдоа на првите дваесет места во светот. На врвот и годинава е Исланд.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.