Министерството за правда денеска испратило барање до српските власти за екстрадиција на притворениот новинар и сопственик на порталот Буревесник, Зоран Божиновски.
По испраќањето на документацијата, Македонија комплетно ја заврши својата работа во постапката за екстрадиција, а на потег е Вишиот суд во Нови Сад, кој на Божиновски му изрече 30-дневен екстрадициски притвор.
Според процедурата конечната одлука ќе ја донесе српското Министерство за правда.
Адвокатот на Божиновски вложил жалба на одлуката на Вишиот Суд во Нови Сад наредните 40 дена да ги помине во екстрадиционен притвор.
Тој беше уапсен во четвртокот по налог и потерница распишана од Интерпол со обвинување за злосторничко здружување и шпионажа.
Според првичните информации на полицијата, Божиновски престојувал во еден или два стана во Нови Сад. Засега полицијата нема информации дека Божиновски има двојно државјанство и дека се бара за извршување на други кривични дела во Србија, ако има некои правни пречки за екстрадиција за тоа треба да биде известено Министерството за правда.




