Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија преку Ковакс механизмот обезбеди 800 илјади вакцини

0
By Нова ТВ on November 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 23, 2020 11:41

По Русија и Кина, и Германија најавува дека веќе следниот месец може да почне со вакцинацијата против Ковид 19.

“Има причина за оптимизам дека вакцината ќе биде одобрена во Европа оваа година. И тогаш можеме да започнеме веднаш”, рече германскиот министер за здравство, Јенс Шпан во интервју за германски РНД.

Тој додаде дека побарал од сојузните германски држави да подготват центри за вакцинација до средината на декември. Германија обезбедила повеќе од 300 милиони дози на вакцина преку Европската комисија, билатерални договори и други опции, што според Спан е повеќе од доволно и  остава простор за споделување на вакцината со други земји.

Македонија ќе набави вакцини за 20 отсто од населението, како и останатите земји во регионот. Станува збор за 400 илјади вакцини или двојно повеќе дози, 800.000, бидејќи едно лице треба да прими две дози од вакцината. Вакцините се обезбедени преку Ковакс механизмот за глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини.  Во истиот момент кога ќе ја добијат вакцината најразвиените земји, ќе ја добиеме и ние, но кога точно се уште не се знае. Очекувањата се тоа да се оствари кон крајот на декември или јануари.

Потребните финансии за набавка на вакцините е обезбедени и за нив се издвоени 390 милиони денари или 6,7 милиони евра. Ако вакцината се стави на пазарот во јануари, од Европската агенција за лекови соопштија дека нејзините први ефекти врз ширењето на вирусот „ќе бидат видливи за пет-шест месеци или наредното лето“. Проценката на агенцијата е дека треба да се вакцинира над половина од европското население за да може да дојде до смирување на пандемијата, што значи дека ќе бидат потребни најмалку 500 милиони дози во Европа.

„За сите да се вакцинираат ќе биде потребно најмалку една година и ако се помине добро, до крајот на 2021 година ќе имаме доволна имунизација“, рече директорот на агенцијата Гвидо Раси.Приоритет при вакцинацијата ќе имаат лицата со хронични болести, повозрасните и здравствените работници.

Во моментов ЕУ е фокусирана на три вакцини. Две се во фаза на одобрување, односно таканаречената оксфордска вакцина на Астра Зенека и вакцината на Фајзер, кои поднеле документација за иницијална проверка на нивните податоци во Европската медицинска агенција. Во Американската агенција за храна и лековинаскоро  ќе биде поднесена и документацијата за одобрување на вакцината која се развива во Бостон, од производителот Модерна.

Во исто време во Кина милион граѓани веќе ја примиле експерименталната вакцина против коронавирусот на кинескиот фармацевтски гингант „Синофарм“ во рамките на итната програма на одобрена од кинеските власти.Дел од виролозите сметаат дека ова е научно експлоатирање на граѓаните, додека пак директорот на гигантот посочи дека речиси и да нема нус појави кај оние кои се вакцинирале.

Во САД се надеваат дека ќе започнат со вакцинација  пред средината на декември, штом вакцината на Модерна добие одобрение од Управата за храна и лекови (ФДА), најави Монсеф Слауи, главен научен советник са вакцини.

„Во рок од 24 часа по одобрувањето на вакцината, тие ќе се транспортираат во областите каде ги сакаат сојузните држави“, изјави Слауи.

Запрашан за очекуваниот датум на првите вакцинации во Соединетите држави, тој одговори дека очекува „дека може да биде следниот ден по одобрувањето, 11 или 12 декември“. Тој исто така рече дека се надева оти колективниот имунитет може да се постигне до мај.

„Со 95 процентно ниво на ефикасност, вакцинирањето на 70 проценти од населението ќе овозможи вистински колективен имунитет. Тоа може да се случи во мај“, смета тој.

Од Русија пак стигна веста дека речиси  60.000 дози од вакцината „Спутник V“ се веќе на пазарот, а вкупно над 650.000 дози на вакцината се планира да бидат доставени до крајот на ноември. За руското население се планирани 653.000 дози во овој месец и 2,2 милиони дози во декември.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.