НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија се враќа на европскиот пат, Хан и Могерини во Скопје

0
By Нова ТВ on April 18, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден ден по објавувањето на Извештајот за напредокот на Република Македонија во процесот на евроинтеграциите во кој ЕК даде препорака за почеток на пристапните преговори, во официјална посета на земјата денеска ќе престојуваат заменик-претседателот на Европската комисија и висока претставничка за надворешни работа и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за европска и соседска политика и проширување Јоханес Хан.

Според најавите, Могерини ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, по што е предвидена нивна заедничка прес-конференција. Високата претставничка на ЕУ утре ќе има обраќање во Парламентот.

Могерини на прес-конференцијата на која беа објавени извештаите истакна дека позитивната порака, која Скопје ја очекуваше од ЕК дојде и изрази уверување дека земјите од регионот ќе ги спроведат реформите и ќе покажат конкретни резултати, бидејќи, како што рече граѓаните на тие земји тоа го очекуваат од нивните власти.   

По објавувањето на извештајот еврокомесарот Хан во изјава за МИА порача дека оваа чиста препорака треба да биде мотивација за реформите како и за името.

– Сега е важно процесот да продолжи и оваа прилика да биде искористена за да се продолжи со реформскиот напредок. Главните забелешки до властите се дека тие треба да се справат со корупцијата, да ги завршат прашањата кои се дел од итните реформски приоритети и да дојдат до конечно решение за името, изјави Хан, додавајќи дека се надева дека “денешната одлука ќе биде уште една силна мотивација да се дојде до договор за спорот за името и да се изоди последната милја.“

Клучни забешки од Извештајот

Македонија конечно излезе од долгата и остра политичка криза, констатира ЕК додавајќи дека «тешкиот процес на формирање влада ја достигна критичната точка на 27 април со нападот во Собранието, постапка што беше најстрого осудена од меѓународната заедница, потсетува ЕК во извештајот.

За Комисијата, новата македонска влада е «реформска» и презема чекори за да се реши проблемот на заробената држава, да се зајакне демократијата и правната држава. «Земјата е влезена во фундаментални промени во отворена и инклузивна атмосфера», додава извештајот давајќи и поддршка на владата во отпочнатите реформи и охрабрувајќи ја да ги отвори и најтешките фази во овој процес. Комисијата потсетува дека граѓаните и ја дале нивната целосна поддршка на владата на локалните избори во октомври 2017 година.

Македонија добива и голем плус за добрососедските односи, договорот со Бугарија но проблемот со името, вели ЕК, мора итно да се реши.

Проблемот со името мора итно да се реши, предупредува Европската комисија.

«Разговорите за “прашањето за името” се интензивираа под покровителство на Обединетите нации. Конструктивните разговори на ниво на премиери и министри за надворешни работи позитивно влијаат на напредокот во спроведувањето на мерките за градење доверба. Заедничкото соопштение на премиерите на Грција и на поранешната југословенска Република Македонија во јануари 2018 година, кое вклучуваше преименување на аеродромот во Скопје и автопатот и постапувањето со одложени иницијативи на ЕУ, беа конкретни знаци за зајакнување на меѓусебната доверба», вели Брисел.

Комисијата му препорачува на Собранието «да ги зајакне своите законодавни и надзорни функции вклучувајќи го и ограничувањето на широката употреба на скратените постапки».

Брисел заклучува, како и повеќе пати во последните години, дека меѓуетничките односи се кревки и покрај тоа што ситуацијата во земјата е мирна. Но, Охридскиот договор треба да продолжи да се применува на транспарентен и инклузивен начин. За ЕК е добро што владата покажува цврста определба за «зајакнување на довербата помеѓу заедниците».

Но, во Македонија не е се за пофалба. Така, реформите во јавната администрација се скромни. Усвоена на стратегија за реформа на оваа област и се работи на зајакнување на транспарентноста и одговорноста во администрацијата но ЕК констатира дека Министерството за информатичко општество и администрација го нема потребниот капацитет за водење и координација на рефромаѕа на јавната администрација.

«Силна политичка определба е клучна за да се гарантира професионализам во јавната администрација, особено во назначувањата на повисоките позиции, и почитување на принципи на транспарентност, заслуга и еднаква застапеност во духот и словото на законот», советува Брисел.

Нешто подобра оценка добива судството кое, според ЕК, има постигнато «одреден степен на подготвеност и направен е добар напредок», особено во последниот дел на периодот што го покрива извештајот, што значи од последната есен до сега.

-Назадувањето од последните години тргна во вистинска насока преку одлучни чекори преземени во последните месеци, особено преку обновувањето на независноста на судството, заклучува Комисијата.

И додава:

-Земјата усвои веродостојна нова стратегија за судски реформи што ја поставува основата за понатамошни реформи во оваа област, а клучните закони се изменети во согласност со препораките на Венецијанската комисија и “Приоритетите за ургентни реформи”. Канцеларијата на Специјалниот обвинител се соочува со помалку опструкции во судовите, овозможувајќи поефикасно работење, вели Комисијата и советува константен напор за да може судството во Македонија навистина на почне да функционира без политичко влијание.

Борбата против корупцијата во Македонија бара уште напори. Како и во речиси сите извештаи на ЕК, законската рамка е тука но судските пресуди за високата корупција ја нема:

-Постои законска и институционална рамка, како и евиденција за превенција и гонење, но конечните судски одлуки за случаи на корупција на високо ниво и понатаму се ограничени.

Добрата вест е и напредокот во фундаменталните права кои се повеќе се во согласност со стандардите на ЕУ и зајакнуваат борбата против секоја дискриминација, но „целосната примена бара постојани напори“.

-Треба да се разгледа ситуацијата во затворите и психијатриските институции, мора да се следат случаите на криминал од омраза како и говорот на омраза, а институциите кои се вклучени во заштитата и унапредувањето на човековите права мора да се зајакнат. Потребни се повеќе напори за вклучување на Ромите, бележи Комисијата.

Слободата на изразувањето е подобрена но и тука има бројни предизвици како реформата на јавниот сервис која никако да почне.

Конечно, и економската ситуација во земјата има направено «одреден напредок» и «добро ниво на подготовка за развој на фукнционална пазарна економија».

Сепак, „клучните слабости на економијата остануваат. Тие вклучуваат недостатоци во деловното опкружување, како што се слабото спроведување на договорите и големата неформална економија. Структурните проблеми на пазарот на трудот се рефлектираат во ниската активност и високите стапки на невработеност. Макроекономското опкружување се влошило во првата половина од 2017 година“, вели ЕК. И ја критикува «доначоната политика насочена кон краткорочни мерки и без траен план за консолидација».

Накусо, во оваа област, Македонија не е доволно подготвена да стане членка на ЕУ.

Задача на Европската комисија е да се убедат земјите членки дека е време за балканско проширување кое за ЕУ е инвестиција.

Сите се заслужни за препораката

Премиерот Заев истакна дека со добивањето на оваа кристално чиста и безусловна препорака земјата е чекор поблиску до ЕУ и до достигнување на економските стандарди на ЕУ.

– Тоа значи дека Република Македонија го исполнува основниот политички критериум за членство во ЕУ, што треба да овозможи почеток на преговорите за пристапување во ЕУ. Ова, исто така, значи дека политичката криза е зад нас и дека ЕУ со внимание и со почит ги следи реформските и политичките процеси и дека сме влезени во редовни политички процеси како секоја функционална демократска држава, кажа премиерот.

Тој оцени дека најголемата заслуга за ова и за спроведување на реформските процеси ги имаат граѓаните на Македонија, но ова е, нагласи, успех и на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи посочи, со враќањето во Собранието таа го направи вистинскиот чекор и покажа дека има нова политичка клима во Македонија и дека не се заборавени државните интереси.

Препорака, нагласи тој, е нов поголем ветар за следните остварувања, а во тој дух на искрена надеж и посветеност, додаде, се разговара со нашиот сосед Грција.

– Остануваме заеднички фокусирани на решавање на долгогодишниот проблем кој го имаат со нашето уставно име. Сакаме за брзо време да го решиме овој спор и за навек да го затвориме и ова прашање, рече Заев.

Македонија со најголем напредок во однос на земјите од регионот

Македонија има добар напредок во пет, а извесен напредок во четири од девет области, изјави вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Тој потенцира дека во Извештајот има констатации дека земјата конечно ја надминала најтешката политичка криза по 2001 година, дека од мај 2017 реформската Влада го адресира прашањето на заробени институции и посветено ја зајакнува демократијата и владеењето на правото, како и дека земјата поминува низ суштински промени во една инклузивна и отворена политичка атмосфера…

– Има вкупно девет области. Македонија има добар напредок во пет од тие девет области и во четири има извесен напредок. И како таква, од овие четири, значи Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора, во однос на овој период на известување е земја што направила неспорно најголем напредок. Сигурно дека имаме политичка логика и политички ум во известувањето, меѓутоа јас сепак не би ја намалил вредноста на овие оценки бидејќи да не заборавиме денес е 17 април, не помина ни полна година од 27 април. Каде беше Македонија на тој ден, каде е Македонија денес, рече Димитров во емисијата Отворено на ТВ 24.

Ги наведе и оценките по области во извештајот за земјата.

– Имаме оценка со добар напредок во областа на јавната администрација, во вкупната област на поглавјето 23, во судството, во слободата на медиумите, каде е интересно и за Србија и за Црна Гора ЕК не констатира никаков напредок. Има и назадување што е нула, стагнација 1, извесен напредок е 3, добар напредок е 4 и извонреден напредок е 5. Македонија има пет четворки и четири тројки, рече министерот Димитров.

Шефот на дипломатијата го најави и доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан доцна вечерва, кој утре на рака лично ќе го предаде Извештајот на премиерот Заев, иако, нагласи, вообичаено е тоа да го направи шефот на Европската делегација. 

Запрашан за спорот со името и членството на земјата во ЕУ, шефот на дипломатијата кажа дека колку Македонија е поочигледен кандидат, толку е потешко да биде блокирана.

– Прво, го поддржува процесот бидејќи ја продолжува шансата. Нас ни требаше и формално ваква една чиста препорака за да знаеме дека ќе има некаков резултат доколку успееме и најголемата планина да ја искачиме. Второ, на земјите-членки што не се вклучени во процесот, останатите 27 со исклучок на Грција, им даваме аргументи дека ова е добра работа и мислам дека влогот е поголем од нас, Грција и Балканот. Целата амбиција Европа да има успех оваа година со стратегијата на Јункер на Балканот е многу тешко остварлива ако немаат успех со нас. Така што, создава еден охрабрувачки ефект врз процесот за надминување на разликата околу името, рече Димитров.

За тоа ако спорот за името не биде решен до јуни и дали Македонија тогаш ќе добие датум за почеток на преговори, шефот на дипломатијата истакна дека тоа е прашање што може да го одговори само Атина бидејќи одлуката за преговорите се носи со консензус.

– Тоа ќе зависи од нивото на доверба, од политичката констелација и калкулации на лидерите во Грција. Ќе зависи веројатно и од нашето поведение рече Димитров.

Најдобар извештај досега

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на прес-конференцијата по објавувањето на извештајот на ЕК упати честитки до граѓаните на земјата за чистата препорака за почеток на пристапните преговори.

– Им честитам на граѓаните на земјата за правењето многу важен чекор напред, а тоа е добивањето чиста препорака за почеток на преговорите. Тоа не беше лесно за земјата која помина тешки моменти изминатите години. Мислам дека со заеднички напори на сите кои се чинители во државата, Парламентот се подобри, Владата се ангажираше во сите области што се посочени во нашиот извештај. Сето тоа е одразено во нашиот извештај и како резултат на тоа Комисијата даде препорака, истакна Жбогар.

 

Извештај ЕК Могерини посета Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.