Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жбогар: Извештајот за Македонија е многу подобар од претходните

0
By Нова ТВ on April 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 17, 2018 16:56

Македонија доби чиста препорака за почеток на пристапните преговори од страна на Европската комисија и многу подобрен вординг во однос на претходните извештаи, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар на прес-конференцијата по објавувањето на извештајот за Македонија во Стразбур.

– Им честитам на граѓаните на земјата за правењето многу важен чекор напред, а тоа е добивањето чиста препорака за почеток на преговорите. Тоа не беше лесно за земјата која помина тешки моменти изминатите години. Мислам дека со заеднички напори на сите кои се чинители во државата, Парламентот се подобри, Владата се ангажираше во сите области што се посочени во нашиот извештај. Сето тоа е одразено во нашиот извештај и како резултат на тоа Комисијата даде препорака, остакна Жбогар.

Додаде дека се очекува реформите да продолжат и да се продлабочуваат како што е наведено и во препораките за да можат земјите членки да бидат убедени за да отпочнат преговори.

На прашањето откако земјите постигнаа напредок и добија препорака, како Европската комисија ќе испорача за Македонија доколку не се реши спорот за името, амбасадорот Жбогар нагласи дека името во самиот извештај е дефинирано како нешто што треба итно да се реши.

– Добрососедските односи се важен принцип во извештајот и е дефинирано како нешто што мора итно да се реши, да се работи на тоа. Комисијата е охрабрена од дискусиите што се одвиваат во разговорите и од преземените мерки за доверба. Преименувањето на аеродромот и на автопатот и преминувањето во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација беа спомнати како мерки за градење на доверба, меѓутоа преговорите продолжуваат и понатаму. Мора малку да почекаме и да видиме. Но, ова е многу важно во однос на добрососедските односи се нешто што ќе бидат оценувани од земјите членки кога ќе носат одлуки понатаму во текот на годината, рече Жбогар.

Нагласи дека треба наредните месеци внимателно да се следи како ќе се одвива процесот со решавање на името.

– Мислам дека ќе го преминеме мостот тогаш кога ќе дојдеме до него. Треба да одиме чекор по чекор. Двете земји преговараат за името, ајде да почекаме и да видиме како тие преговори ќе течат со надеж дека ќе донесат резултат. Мислам дека имаме уште некој месец додека земјите членки да седнат и да одлучуваат за пристапните преговори. Го имаме самитот за Балканот во мај во Софија, а потоа и состанокот на Европскиот совет во јуни каде што тоа ќе се дискутира. Се уште имаме доволно време и да не брзаме со шпекулации засега.

ЕК Извештај прес Самуел Жбогар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.