Македонија денес одбележува 72 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.
На 11 октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред ја нападнале бугарската полициска станица и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, со што започнува организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата.
На 12 октомври, се огласиле и партизаните од Кумановскиот одред.
За време на окупацијата од Македонија биле интернирани 58 000 лица, и покрај злосторствата што окупаторите ги вршеле врз цивилното население, земјата претрпува и огромни економски штети.
Првото заседание на АСНОМ во 1944 година пак, ги заживува повеќевековните идеали за основање македонска држава.




