Published: Sunday, May 18, 2014 12:51
Вчера во период од 9 часа после 12.00 преку телефоните за донации за поплавите во Србија и БиХ беа собрани 1,43 милиони денари, а денеска до пладне, пак, вкупно 2,2 милиони денари (36.000 ЕУР).
Со секое јавување на горните телефонски броеви се донираат по 100 денари.
Во 15.30 часот, пак, на Канал 5 телевизија, во живо, ќе биде организирана хуманитарна акција преку која ќе се собираат неопходните производи за настраданите од поплавите во Србија и БиХ. Телевизијата очекува многу гости и ги повикува своите гледачи да ги гледаат нејзините вонредни вести за да видат какви производи се потребни.




