Сивата економија е најголема во Бугарија, 31.2 отсто. Во Македонија таа достигнува до околу 30 отсто од БДП, пишува „Фактор“.
Сивата економија меѓу европските држави е најголема во Бугарија – 31,2 отсто и изнесува 12,8 милијарди евра, покажуваат податоците од истражувањето на консултантската компанија A.T.Kearney.
Бруто внатрешниот производ на Бугарија изнесува 41,2 милијарди евра.
Според последните проценки на надлежните министерства, во Македонија сивата економија достигнува дури и до 30 отсто од БДП, или над 2 милијарди евра. Министерствата за економија и за труд и социјална политика, неодамна при презентацијата на акцискиот план за борба против сивата економија, посочија дека огромен дел од сивата економија отпаѓа на секторите „индустрија“ и „туризам“, со што станува јасно дека неа не ја чинат само уличните продавачи и шверцерите.
Во Романија во 2013 година делот на сивата економија изнесувал околу 28,4 отсто од БДП во износ од 39, 5 милијарди евра, покажува истражувањето кое го објави денеска романскиот весник „Адевирул“.
Сивата економија се движи помеѓу 20-30% од БДП на земјите од Јужна Европа и е во просек 14% за оние од Скандинавија. Најмалку сива економија има во Швајцарија од 7,1 насто.




